ЛЕПТОКАРИЈА ЛЕТО 2024 – АНИ-ЕЛИ ЛУКС
Цена
Траење
За патувањето
Пиерија се наоѓа југозападно од Солун и граничи со Иматија, Кожани и Лариса на западната страна и со Егејското Море на исток. Тоа е област со прекрасна природа вклучувајќи многу шуми, реки, мочуришта и богата флора и фауна. Пиерија е место каде што можете да одморите дванаесет месеци годишно. Ова е делумно заслужно за прекрасните плажи на Пиерија, како што се плажата на Лептокарија, Неи Пори, Паралија и други кои се совршени за летен одмор. Второ, планината Олимп и планините Пиерија се наоѓаат тука и се идеални за планинари.
Ани-Ели Лукс е модерно уреден апартман во Лептокарија, со капацитет за 5 лица. Целосно реновиран во 2022 година и опремен со комплетно нов мебел. Апартманот се наоѓа во комплекс на приземје на само 50 метри од плажа и 1 минута пешачење до главното шеталиште во Лептокарија.
Располага со: Спална соба со брачен кревет, дневна соба со две софи, едната со механизам за спиење, три тераси со пристап од собите, комплетно опремена кујна (голем фрижидер со комора, аспиратор, електрична плотна за готвење и фурна, комплет садови), сопствен соларен систем за топла вода, 2 телевизори, интернет, инвертер клима, комарници, тенди на балконите, слободен паркинг простор пред комплексот.
термин | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | |||
бр. ноќи | 31 | 07 | 14 | 21 | 28 |
АПТ 2+3 (со 1 спална) | распродадено | распродадено | 420€ | 350€ | 290€ |
опис на ценовникот | цени за наем без превоз – доплата за превоз: возрасен 45 € – дете 35 |
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Наем на 7 ноќевања/8 дена
- Wi fi интернет
- Клима уред
Не е вклучено:
- Автобуски превоз (45 евра за возрасни и деца до 11,99 - 35 евра)
- Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција
- Здравствено и патничко осигурување
- Автобуски превоз (45 евра за возрасни и деца до 11,99 - 35 евра)
- Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција
- Здравствено и патничко осигурување
Програма
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
- Сместувањето во собите е по 14.00часот по локално време, а напуштањето на истите е во 09.00 часот;
- По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
- За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Стаф;