ЛЕТО 2025 КРФ (ИПСОС)-ВИЛА ВАСИЛИС

Цена

89.00

Траење

За патувањето

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 10 години на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Овде се одбележува и најатрактивната традиција за Велигден, манифестација која треба да ја доживеете. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 10 години. Видете цени и термини подолу.

Вила Василис e лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 300м од плажата

За резервација е доволно уплата од 30%, остатокот на 7 дена пред поаѓање
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE ИЛИ DINERS
BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА СТУДИО, ТРИ ЛИЦА АПАРТМАН И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

Термин

Редовна цена/ ПРОМО цена

23.05-30.05.2025

109€ 89€

30.05-06.06.2025

129 99€

06.06-13.06.2025

139€ 109€

13.06-20.06.2025

159€ 129€

20.06-27.06.2025

179€ 139€

27.06-04.07.2025

189145€

04.07-11.07.2025

199165€

11.07-18.07.2025

229179€

22.08-29.08.2025

189149€

29.08-05.09.2025

169€ 139€

05.09-12.09.2025

149€ 129€

12.09-19.09.2025

139€ 109€

19.09-26.09.2025

12999€

26.09-03.10.2025

10989€

ЛОКАЦИЈА

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • 7 ноќевања 8 дена
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Не е вклучено:

  • Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса (14 евра, која се плаќа задолжително во агенција)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред
 
  • Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса (14 евра, која се плаќа задолжително во агенција)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред
 

Програма

Вилата Василис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на околу 300 метри од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни соби, секоја со мини кујна која е опремена со основен прибор, тоалет, интернет и тераса. Собите се наоѓаат на високо приземје и прв кат и се уредени во стандардно грчки стил. Секоја соба има клима која дополнително се доплатува 5евра од ден кај претставникот на агенцијата. За секој патник следува по еден пешкир. Вилата нема телевизор. Куќата има WIFI но Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.

  • CHECK IN: 14:00 h
  • CHECK OUT: 09:00 h
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Термините кои се со црвено се промотивни и не се одбива за сопствен превоз.
  • Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Возрасен на дополнително легло има 70% попуст
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А СТАФ ТРАВЕЛ

Остров Крф е место што вреди да се истражи. Нашиот тим организира екскурзии за подобро да го запознаете острово а во продолжение следува опис на истите...

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив. Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење со скара 

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.

Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

Крстарење Паксос и Антипаксос

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос (грчкото Малдиви), остров со уникатен бел песок, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.

Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.

Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови

Цените на екскурзиите ќе бидат објавени пред почетокот на летото.

Повеќе информации

Датуми

23.05-26.09.2025

Локација

Популарни патувања