НЕЗАБОРАВНО ЛЕТО НА ОСТРОВОТ КРФ – ИДЕАЛНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА СЕКОЈ!

Крф, неверојатен грчки остров лоциран на Јонското Море, е популарна дестинација за сите туристи кои сакаат незаборавен одмор. Одмор кој секогаш ќе го паметите и прераскажувате со задоволство. Крф ќе Ви овозможи, од една страна класичен одмор и релаксирање на прекрасните плажи и кристално чистата вода, но од друга страна посебен и интензивен одмор каде што ќе може да ги посетите сите оние места кои ги организираме преку кои ќе се уверите во убавините на овој остров.

Без разлика дали ќе се одлучите за релаксирачки одмор на плажа или одмор во комбинација со факултативни прошетки, Крф има што да понуди. Со своите прекрасни пејзажи и сино тиркизно море, не е ни чудо зошто овој остров е популарна летна дестинација за патниците од целиот свет. Затоа спакувајте ги куферите и подгответе се за незаборавен летен одмор на Крф.

Најубавите нешта што може да ги направите додека летувате Крф е да истражите некои од неверојатните плажи или да посетите некои од посебните места.

Бидејќи Островот е познат по своите прекрасни плажи, секоја со својот уникатен карактер и шарм, тука би сакала да ги споменам Палеокастрица, Глифада и Сидари.

Палеокастрица е прекрасен залив опкружен со карпи и маслинови градини. Тука имате можност за посета на манастирот на Марија – Богородица или пак да продолжите до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив. Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво.

Глифада плени со својата посебност и убавина. Долга и широка плажа со златна песочна површина и тиркизна вода, опкружена со многу живописни заливи и планини. Плажа за сечиј вкус, погодна за млади, семејства со деца и љубители на водени спортови.

Доколку сакате модерна семејна забава, посетете го аква паркот Aqualand Corfu кој претставуа еден од најголемите аква паркови во Европа. Акваленд е одличен избор за оние кои сакаат комбинација на забава, релаксација и адреналин. Опремен со 51 лизгалка, базени и широк спектар на други игри погодни како за сите мали деца, така и за возрасни.

Сидари е познат по своите необични карпести формации. Град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Посетителите можат да уживаат во пијалок во еден од многуте барови и кафулиња на островот или да пробаат локално вино произведено во винариите на Крф.

 

Крстарење Пакос и Антипакос

Доколку се одлучите за крстарење со брод на Паксос и Антипакос ќе имате можете да ги посетите сините пештери. Имаме организирано целодневни крстарења кои можат да ве одведат до нив. Прво се посетува Антипакос или познат како ,,грчкото Малдиви’’, осторв со уникатен бел ситен песок, кој ќе Ве воодушви и токму тука ќе имате можност да уживате и да пливате во синото море. Потоа се посетува и Паксос, населен остров со туристи, пристаништа и прекрасна плажа. Тука има и мало гратче за прошетка или ручек.

Дасиа

Дасиа се наоѓа на источниот брег на Крф, сместен северно од градот Крф, пред Ипсос. Дасиа е помирно место и најчесто го препорачуваме за фамилијарни одмори. Во Дасиа се наоѓа една од најголемите и најживи плажи на островот, со многу чиста проѕирна вода. Тука ќе најдете продавнички за сувенири, кафичи, ресторани и барови, каде што ќе може да се освежите со коктел и да уживате во вечерните часови.

Ипсос

Сместен на 14 километри од градот Крф, кој со својот отворен залив формира долга плажа со песок и камчиња. Ипсос е доста живо место кое нуди интензивно летување за млади и парови затоа што има голем број барови, ресторани, клубовии и активен ноќен живот каде што младите ќе може да уживаат во убавините на Ипсос, но и да имаат незаборавен ноќен живот за време на престојот.

За летување на Крф Ви ги препорачуваме нашите сместувачки капацитети:

Вила Савас – Дасиа  ЛИНК

Вила Василис – Ипсос ЛИНК

Вила Јулианос – Ипсос ЛИНК

Add a Comment

Your email address will not be published.