Грција и прославувањето на Велигден
Велигден е празник со кој се слави воскресението Христово. Затоа, има централно место и е најважен настан во учењето и во животот на светата Црква. Христовата победа над смртта е победа која што Синот Божји ја извојува за целокупното човештво и за сиот свет. Затоа, овој ден треба да се слави и одбележува.
Во велигденските обичаи и верувања значајно место имаат црвените велигденски јајца. Нашиот народ вели: „Го гледа како црвено јајце“, или „Му се тресе како на велигденско јајце“. Кај сите народи јајцето претставува извор на животот.
На Велигден сите се кршат со велигденски јајца, а „победува“ оној во кого ќе остане здравото јајце. Според народните верувања, него ќе го следи здравје во годината која доаѓа.Но, кршењето на јајцата не претставува само „борба за здравје“. Тоа исто така го симболизира воскреснувањето на Исус од мртвите. Како што Исусовиот гроб се отворил кога тој воскреснал, за да го најави новиот живот, така и јајцето се крши кога од него излегува нов живот. Кога се кршиме со јајцата, ние всушност го означуваме и се потсетуваме на воскреснувањето на Исус Христос.
Ако сте во Атина за време на пролет, Велигденските прослави не треба да се пропуштат. Грчкиот православен Велигден е материјалот од кој се направени митовите: вековни ритуали на постот, поворки осветлени со свеќи, јагниња, огномет на полноќ. Многу Атињани се упатуваат кон домовите на нивните предци на островите или на селата. Но, на многу начини грчкиот Велигден (Пасха) може да биде уште побогато искуство ако го поминете во Атина.
На Велики понеделник, концертната сала во Атина ќе го претстави велигденскиот концерт „Мирото на плачот“. Јоргос Коцинис, заедно со група познати грчки музичари, кои ќе ја прикажуваат еволуцијата од тажни воздишки до женски оплакувања за мртвите, посебен концерт заснован на народната традиција.
Поворката на епитафот со свеќи е една од најсвечените и најтрогателните церемонии на Страсната недела, а во Атина има многу цркви каде што можете да присуствувате на атмосферска и високо религиозна поворка. Се издвојува оној кај Светиот манастир Кајсаријани, кој напладне ја одржуваат поворката на епитафот, а истото утро го украсуваат епитафот, па ако имате време, одете порано да го видите процесот на украсување.
Ако веќе сте биле на Крф, ја знаете неговата убавина, но ако не сте биле на овој грчки остров за време на Велигден, сè уште не сте виделе ништо! Бескрајната веселба и сјај на овие денови ќе ве натераат да се заљубите во Крф. Велигден е најголемиот фестивал на Грчката православна црква и посетата на Крф овие денови е возбудливо искуство.
Илјадници посетители, заедно со жителите на Крф, православните и католичките цркви слават заедно како огромно семејство. Иако католичкиот Велигден не се слави во исти денови со православниот Велигден, Католичката црква исто така учествува на свеченостите. Одлична локална кујна со вкусна традиционална храна, многу грчки обичаи и настани кои се одржуваат секој ден, духовна музика од бендовите на корфиската филармонија и пролетта која е на својот почеток, сочинуваат волшебна сцена. Велигден на Крф е спектакуларен, импресивен и славен повеќе од каде било во светот!
На Велики понеделник, жителите на Крф одат на пазрење и се подготвуваат за прославите кои доаѓаат.
На Велики вторник се слуша приказната за Марија Магдалена во сите цркви и вечерта околу 21: 00ч, можете да бидете дел од Музичко-поетската ноќ, која се одржува во Перистилот на стариот дворец.
На Велики четврток во црквите се служи Богослужба на Светото страдање, се палат 12 свеќи и се гасат една по една по читањето на секоја од 12те евангелија.
На Велики петок се одбележува Христовото слегување од крстот. Во секоја црква, младите девојки ги украсуваат Епитафите со цвеќиња. Рано попладне до доцна во ноќта, секој Епитаф се обиколува по улиците следен од верниците додека сите не се сретнат во историскиот центар на градот Крф. Последниот епитаф и највпечатлив е Епитафот на Крфската катедрала кој се појавува во 22 часот, придружен од жалосната музика на трите главни бендови на Филхармонијата.
Настаните и обредите на Велика Сабота се можеби најубавите моменти на Велигден на Крф, почнувајќи од 6 часот наутро во црквата „Мадона на странците“, кога вештачкиот
„земјотрес“ е создаден за да го претстави земјотресот за време на воскресението, според Св. Библијата.
Истото утро се одржува поворката на Светиот храм на Свети Спиридон во спомен на чудото на светецот кој ја избркал чумата од островот во далечната 1629 година. На овој свечен настан учествуваат сите филхармонии на Крф (вкупно 18). Истата вечер,
филхармонијата „Манцарос“ со концерт во Општинскиот театар нè води во расположението на Страсната недела. Повеќе настани се случуваат во текот на Страсната седмица. Химните во црквите, хоровите и музичките настани на плоштадите и општинскиот театар се секогаш во расположение на Страстата недела..
Главната традиција е фрлањето на ќупови полни со вода од балконите, кои се обележани со црвено знаме. Веруваат дека со самото фрлање, го исфрлаат злото од претходната година, и секој посетител што ќе земе парче од тој ќуп, ќе го следи среќа во текот на годината. Вечерта околу полноќ ве осекува огромен огносмет кој трае повеќе минути.
Доколку не сте биле во Атина или пак на Крф за време на овие спектакуларни доживувања, ние ви ги предлагаме нашите тури.
Велигден во Атина-ЛИНК ОД ПОНУДАТА
Велигден на Крф-ЛИНК ОД ПОНУДАТА