КЕФАЛОНИЈА 2024

Цена

139.00

Траење

За патувањето

Кефалонија е најголем остров во Јонското море, сместено јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести и песочни. Тоа што со сигурност е загарантирано е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејсажа, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе Ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместен е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружен е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно градче и пристаниште во кое доаѓаат туристи највеќе од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до Скала 12 км. Порос ги има скори сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, е тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

 

 

ЦЕНА

  ЈУЛИ
СМЕСТУВАЊЕ ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ 07.07.-15.07. 14.07.-22.07. 21.07.-29.07. 28.07.-05.08.
Vila Dina 1/2 249€ 269€ 269€ 269€
Vila Kristi 1/2 поткровје

1/2 стандард

239€

249€

259€

269€

259€

269€

259€

269€

1/3 239€ 239€ 239€ 239€
1/4 229€ 229€ 229€ 229€
1/5 219€ 219€ 219€ 219€
Villa Pantelis 1/2 249€ 269€ 269€ 269€
1/2 со поглед на море 279€ 299€ 299€ 299€
Vila Astir 1/2 249€ 269€ 269€ 269€
1/2 со поглед на море 279€ 299€ 299€ 299€
1/3 239€ 239€ 239€ 239€

 

АВГУСТ

СМЕСТУВАЊЕ ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ 04.08.-12.08. 11.08.-19.08. 18.08.-26.08. 25.08.-02.09.
Vila Dina 1/2 269€ 249€ 249€ 229€
Vila Kristi 1/2  поткровје

1/2 стандард

259€

269€

239€

249€

239€

249€

219€

229€

1/3 239€ 239€ 239€ 219€
1/4 229€ 229€ 229€ 209€
1/5 219€ 219€ 219€ /
Vila Pantelis 1/2 269€ 249€ 249€ 229€
1/2 соба со поглед на море 299€ 279€ 279€ 259€
Vila Astir 1/2 269€ 249€ 249€ 229€
1/2 со поглед на море 299€ 279€ 279€ 259€
1/3 239€ 239€ 239€ 219€

СЕПТЕМВРИ

СМЕСТУВАЊЕ ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ 01.09.-09.09. 08.09.-16.09.
Vila Dina 1/2 209€ 179€
Vila Kristi 1/2  поткровје

1/2 стандард

199€

209€

169€

179€

1/3 199€ 169€
1/4 189€ 149€
1/5 219€ 139€
Vila Pantelis 1/2 209€ 179€
1/2 соба со поглед на море 239€ 209€
Vila Astir 1/2 209€ 179€
1/2 со поглед на море 239€ 209€
1/3 199€ 169€

Цените се дадени по лице

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

Не е вклучено:

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Бродкса карта на релација Келини – Порос – Келини кој чини 35 евра
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2014. година (дневно по соба: приватно сместување – 1,5 евра, хотели 1* и 2* – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција.
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.
  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Бродкса карта на релација Келини – Порос – Келини кој чини 35 евра
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2014. година (дневно по соба: приватно сместување – 1,5 евра, хотели 1* и 2* – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција.
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

Програма

Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.

Преминување граница. Контрола и царински формалности

Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 10 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…

Не заборавна летна авантура

Во утринските часови следуба напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…

Проверка на соба и тргнување за дома.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Етно тура Кефалонија Со оглед на тоа што островот Кефалонија е единствен остров со национален парк од сите острови на јонското море, поради тоа е единствен остров кој може да ви пружи многу повеќе од само прошетка по разни плажи. На етно турата ке разгледаме невидени атракции кои морате да ги посетите додека сте на летување на Кефалонија. ДРОГАТИ ПЕШТЕРАТА е еден од најпознатите локалитети на Кефалонија. Крстарење до Закинтос Крстарењето до Закинтос е излет кој ќе го направи вашето летување не заборавно. Можноста да се посети уште еден остров на ова патување е извонредна прилика која е и наша топла препорака. Во текот на ова полудневно крстарење ќе имате прилика да се избањате на најголемата и најубавата плажаNAVAJO и направите феноменални фотографгии од ова крстарење. Исто така ги посетуваме Blue Caves како и местото SV. NIKOLA, сето тоа со интересна приказна која ќе ја слушнете од локалниот водич за знаменитостите на Закинтос. Чудесните плажи на Kефалонија Кефалонија е сигурно остров со единствени плажи на целиот јонски архипелаг, а ние за вас ги одбравме најубавите да ги посетиме. SKALA / AMMOS BEACH BAR – е песочна плажа која е наградена со плаво знаменце за кристално чиста вода. Во Amos Beach Bar кој е дефинитивно најубав и најинтересен Beach Bar на целиот остров,овде ќе правиме дневни забави и игри без граници со најдобри коктели. ANTISAMOS – е скриена оаза на северо источниот дел на островот во близина на градот Самија. Опкружена со зимзелена шума, плажа со ситни каменчиња и проѕирната вода дава впечаток како да се бањате во природен аквариум, полн со шарени рибчиња, ова искуство неможете да го добиете на ниту еден друг остров. MIRTOS – дефинитивно кралица на овој остров, каде се снимени многу филмови и исто така се снимени сцени на филмот Мандолината на Каметанот Корелија со Николас Кејџ. Оваа плажа ја ставаат во топ 10 плажи во светот. Белите каменчиња и тиркизната вода ја покажуваат нејзината величенственост. Оваа плажа е со закон заштитена и во целост не комерцијализирана поради сочувување на нејзината убавина која допринесува посебен шмек на островот Кефалонија. KSI Плажа - е навистина посебна плажа која е крунисана со плавото знаменце која означува посебен квалитет и чистина на водата, која е не секојдневна во грчкото море. Она што оваа плажа ја прави посебна е невообичаената црвено- портокаловата боја на песокот која во комбинација со сината вода прави да се чувствувате феноменално и да уживате. *Плажите Миртос и Кси се посетуваат во еден ден. Предвидено е задржување на плажата Миртос од само еден час. Журка на брод Крстарење на отворено море со препознатливите звуци на BALKAN FUN DJ-еите на еден од најлуксузните бродови кој е подготвен да исплови со патниците. Во текот на уживањето во пловењетопо Јонското море, сите заедно застануваме да се разладиме во кристално чистото море и да правиме разноразни креативни скокови во вода каде што нашите фотографи ќе направат слики за паметење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите!
  •  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  •  Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  •  Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За деца до 11,99 50% попуст на редовната цена
  •  За овој аранжман важат општите услови на патување на Туристичка Агенција Стаф

Vila Astir се наоѓа во првиот ред до морето, на само 150 метри од плажата и центарот каде се наоѓаат кафичите, рестораните и продавниците. Сите соби се климатизирани (со доплата на лице место). Вилата располага со студија кои се опремени со кујна и тераса.

Vila Pantelis се наоѓа во првиот ред до морето, во самиот центар на Порос. Сите соби имаат фрижидер, TV, сопстевено купатило, клима (со доплата) и тераса. Во самиот оквир на вилата, се наоѓа и најпознатиот ресторан во Порос, каде нашите гости гости ќе уживаат во традиционалната Грчка храна.

Vila Kristi се наоѓа на само 150 метри од плажата Раја во Порос. Од центарот на Порос е одалечена 5 минути пешачење. Сите соби имаа кујна, фрижидер, тераса.

Vila Dina се наоѓа во Порос, на 50 метри од плажа и 70 метри од центрот во Порос, секоја соба има куја која е опремена со решо и фрижидер исто така собите имаат и сосптвено купатило и сопствена тераса.

Повеќе информации

Датуми

07.07.2024