ЛЕТО 2024-НЕИ ПОРИ-ВИЛА GIOTA

Цена

115.00

Траење

8 days

За патувањето

Пиерија се наоѓа југозападно од Солун и граничи со  Иматија, Кожани и Лариса на западната страна и со Егејското Море на исток. Тоа е област со прекрасна природа вклучувајќи многу шуми, реки, мочуришта и богата флора и фауна. Пиерија е место каде што можете да одморите дванаесет месеци годишно. Ова е делумно заслужно за прекрасните плажи на Пиерија кои се совршени за летен одмор. Второ, планината Олимп и планините Пиерија се наоѓаат тука и се идеални за планинари.

Вила “GIOTA” се наоѓа на одлична лoкација во центарот на Неи Пори на околу  100m од плажа.

“GIOTA”

Неи Пори

термин         МАЈ                        ЈУНИ                    ЈУЛИ  
                 АВГУСТ            СЕПТЕМВРИ
   19   26   02   09    16    23   30   07   14   21   28   04    11   18   25   01   08   15   22
бр. ноќи 7 7
7 7 7 7 7* 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7 7 7
АПТ  /4+1/   115  145  185   225   265   295   495  535   595   595  595  595   595  305  275   245   205  175  135
опис на ценовникот                     цени по лице со превоз цени за наем на цел апартман без превоз               цени по лице со превоз

 

 

 

 

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Наем на 7 ноќевања/8 дена
  •  Wi fi интернет

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз (45 евра за возрасни и деца до 11,99 - 35 евра)
  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во самиот објект
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Клима уред (7евра на ден) се плаќа на лице место
  • Автобуски превоз (45 евра за возрасни и деца до 11,99 - 35 евра)
  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во самиот објект
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Клима уред (7евра на ден) се плаќа на лице место

Програма

  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  •  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  •  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  •  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
  •  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
  • Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Стаф;
Располага со апартмани со една спална соба за 6 лица на I кат (две единечни легла и едно дополнително во спалната соба и два единечни во дневната соба каде што е и кујната). Од двете соби се излегува на голема аголна тераса. Апартман за 6 лица на III кат (поткровје) Распоредот на легла во овој апартман е еден брачен во кујната каде има затворена тераса со поглед кон центар и море, спална соба со две брачни легла каде се излегува на тераса со поглед кон центарот. Апартманите се опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер, тоалет, TV, гардеробер, тераси со масичка и столчиња. Wi-Fi интернет - бесплатен, клима со доплата 7€ од ден на лице место.

Повеќе информации

Датуми

19.05-22.09

Локација