Лeто 2024 Неа Рода- Апартхотел Лазаридис

Цена

300.00

Траење

8 days

За патувањето

Неа Рода е мало место со долго шеталиште кое има многу ресторани и кафулиња со убав поглед на море, одлична храна и пијалоци. Некои од овие кафулиња имаат и игралиште за деца. Неа Рода е идеална за мирен одмор. Плажата е долга и главно песочна. Има делови со лежалки и чадори кои можат да се користат со купен пијалок, како и голем дел за посетителите со сопствена опрема.

Апартхотел „Lazaridis  на само 150 метри од плажа

-5 % Попуст за целосна уплата заклучно со 25.03.2024

 

 

Термин:
Ноќевања:
1/2+1 студио
26.05-05.06.2024
10
300€ (18.600)
05.06-15.06.2024
10
450€ (27.900)
15.06-25.06.2024
10
500€ (31.000)
25.06-05.07.2024
10
550€ (34.100)
05.07-15.07.2024
10
600€ (37.200)
15.07-25.07.2024
10
650€ (40.300)
25.07-04.08.2024
10
650€ (40.300)
04.08-14.08.2024
10
650€ (40.300)
14.08-24.08.2024
10
650€ (40.300)
24.08-03.09.2024
10
600€ (37.200)
03.0910.09.2024
7
400€ (24.800)
10.09-17.09.2024
7
350€ (21.700)
17.09-24.09.2024
7
300€ (18.600)

 

 

 

 

 

 

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Наем на 10 ноќевања/11 дена и 7 ноќевања/8дена
  •  Wi fi интернет
  • Вклучена клима

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз (50 евра за возрасни и деца до 11,99 - 40 евра)
  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Автобуски превоз (50 евра за возрасни и деца до 11,99 - 40 евра)
  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување

Програма

Располагаме со трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје  и прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена (постелината не се менува кога смената е на седум ноќевања). Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција).

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
  • Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават
  • апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Стаф;

Повеќе информации

Датуми

26.05-17.09.2024

Локација