23 ТИ ОКТОМВРИ ВО ХРВАТСКА (ИСТРА)
Цена
Траење
5 days
За патувањето
Можеби сте гледале веќе понуди за 23ти Октомври и не можете да се одлучите каде да одите а штом сте стигнале до оваа програма, тука треба да се задржите и да се одлучите.
Хрватска е позната по убавите плажи и тиркизното Јадранско море но старите градови посебно полуостровот ИСТРА дефинитивно ќе ви остане во сеќавање засекогаш.
Тимот на Стаф ја има идеалната понуда за вас со 3 ноќевања за 23-ти Октомври, во продолжените програмата…
ЗАГРЕБ-ПУЛА-РОВИЊ-ОПАТИЈА-КРК-РИЕКА
Редовна цена на аранжман: 259 евра
Промо цена на аранжман: 229 евра до 07.10
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Автобуски превоз од: Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово *Организиран трансфер до Велес од: Битолa, Прилеп и Росоман
- 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок во едно од местата (Цриквеница, Ријека или Ново Винодолски) *Хотелот ќе се знае на 7 дена пред реализација на тура.
- Посета на Загреб и разглед на градот со локален водич
- Посета на Риека и разглед на градот со локален водич
- Туристички придружник
Не е вклучено:
- Посета на Ровињ и Пула и разглед со локален водич- 65 евра од лице
- Посета на Опатија и градот Крк- 40 евра од лице
- Пакет- сите екскурзии 90 евра од лице (15 евра заштеда)
- Туристичка такса од лице 5 евра за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
- Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување
- Посета на Ровињ и Пула и разглед со локален водич- 65 евра од лице
- Посета на Опатија и градот Крк- 40 евра од лице
- Пакет- сите екскурзии 90 евра од лице (15 евра заштеда)
- Туристичка такса од лице 5 евра за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
- Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување
Програма
Состанок на група кај хотел Русија-Скопје околу 19:00ч. Имаме организиран превоз од Кочани, Штип,Велес, Битола,Прилеп,Росоман,Скопје, Куманово. Ноќно возење со попатни паузи, граници и царински формалности.
Денот ни започнува во главниот град на Хрватска, Загреб. Загреб првично постоел како два различни града, Каптол кој бил населен главно со свештенство, а во кој се наоѓа Загребската катедрала и Градец населен главно со земјоделци и трговци кои во 1851 година биле обединети. Градот е доста привлечна туристичка дестинација и бројот од година на година се повеќе се зголемува. Разлгед на градот со локален водич. Слободно време за кафе или индивидуален прошетка. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
Хотелот ќе биде во едно од местата (Цриквеница, Риека или Ново Винодолски). Хотелот ќе се знае на 7 дена пред реализација на тура.
Појадок во хотел. Заминување на екскурзија каде се посетуваат Опатија и главниот град на островот Крк (градот Крк). Опатија e шармантен крајбрежен град со богата историја и култура, има многу фантастични локации, импресивни споменици и добро уредени паркови. Она што мора да се види во Опатија е дефинитивно историскиот центар на градот, улицата Слатина е секогаш многу жива бидејќи мотото е: види и биди виден. Шетајќи по живото шеталиште ќе откриете некои од највеличествените градби од царскиот период и, згора на тоа, ќе уживате во извонреден избор на ресторани, кафулиња и сувенирници. Една од најинтересните атракции во Опатија е Walk of Fame или патеката на славните која се наоѓа токму во центарот на градот и е дел од прекрасното шеталиште. Создадена дури во 2015 година, оваа улица на славните личи на познатата Булевар на славните во Л.А. Во моментов на оваа маѓепсана улица има 32 мермерни ѕвезди, кои во секој случај не треба да се пропуштат при посетата на Опатија.
Слободно време за индивидуален разглед. Заминување кон главниот град Крк кој е престолнина на островот Крк. Историскиот стар град Крк е вистински лавиринт од камени улички и живописни плоштади што датираат од среден век. Центарот на Стариот град е опкружен со добро си Градски ѕидини а некои делови од ѕидот се стари речиси две илјади години. Романтичното шеталиште со пристаништето е исто така навистина шармантно, каде најдобро можете да уживате во живата гужва и врева во едно од прекрасните кафулиња и ресторани. Катедралата во Крк со својата прекрасна кула со ‘’кромид’’ се смета за едно од знаменитостите на градот Крк. Катедралата е изградена уште во 5 век, а веднаш до неа се наоѓа црквата Свети Квирин од 12 век. Крк е прекрасно место за пијалок и место за гледање луѓе, без разлика дали тоа е од кафулињата покрај пристаништето или еден од баровите. Слободно време за прошетка. Заминување кон хотел. Ноќевање
Појадок во хотел. Заминување на екскурзија а се посетуваат Ровињ и Пула и ќе уживате во убавините на ИСТРА.
Првиот град што ќе се посети е Ровињ кој е неверојатен крајбрежен, романтичен и историски град во Хрватска, град лоциран на мал полуостров. Градот е омилен на туристите бидејќи станува збор за живописен стар град кои калдрмните улички биле изградени во средновековен стил, шарените куќи и градските плоштади создават амбиент што го одзема здивот. Една од најпрепознатливите знаменитости е црквата односно базиликата Св.Ефимија која била градена над остатоците од ранохристијанските градови во период од 1725-1736 год. Плоштадот Маршал Тито е главниот плоштад во Ровињ на која се наоѓа градската саат-кула, градската фонтана и најстарите кафулиња во град. Слободно време. Заминување кон Пула, најголемиот град во Истра. Главниот и најпрепознатливиот симбол на градот е римсиот амфитеатар познат како ,,АRENA PULA’’ кој е најдобро сочуванит пример на римскиот амфитеатар, арена каде се одржувале гладијаторски битки, борби со животни итн. Се поминува покрај градските ѕидини, триумфалната капија ,,Golden Gate’’. Оваа античка римска триумфална капија е едно од најпознатите иконски архитектонски парчиња што ќе ги сретнете при посетата на Пула а
датира од 1 век п.н.е што е главниот влез на пешачкиот пат во Пула.
Сводот некогаш бил дел од камената порта и ѕидините на Стариот град, кои биле уништени во 19 век со цел да се прошири градот и форумот кое е централното место за состаноци и главен плоштад во градот што е сочуван римски храм, еден од 3-те храмови и тој е единствениот што преживеал.Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Пула. Враќање во хотел. Доколку има интерес од страна на група, посета на диско/паб. Ноќевање
Појадок во хотел. Разглед на Риека со локален водич. Градот е трет по големина во Хрватска по Загреб и Сплит по број на население. Во ова туристичко место се наоѓа најважното хрватско пристаниште поради својата стратешка географска положба. Во 2020 година Риека беше избрана за европска престолнина на културата заедно со Голвеј во Ирска. Интересен факт е дека секоја година Риека е домаќин на еден од најголемите карневалски фестивали кој речиси е исто толку популарен како карневалот во Венеција. Корзо или стариот град е срцето на градот, главното градско шеталиште по кое е препознатлив овој град и опкружен со градби од кои датираат од 16 век. Патниците ќе имаат можност да ја видат старата градска кула, палатата на гувернерот, старата градска кула и други знаменитости кои ќе бидат препорачани од водичот. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности. Заминување кон Македонија. Пристигнување во утринските часови во Македонија.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници При уплата патникот се изјаснуа дали ќе пристуствува на факултативните излети
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата и промена на сместување.
- Доплата за сингл соба 50% од сумата на аранжманот (ограничени соби)
- Сместување со соби за две и три лица. Т.А СТАФ не гарантира дали ќе бидете сместени во соба со брачен или два единечни кревети, менаџментот на хотелот го одредува тоа.