НОВА ГОДИНА 2025 ПАРИЗ-ДИЗНИЛЕНД
Цена
799.00€
Траење
За патувањето
Париз, вечниот град на љубовта, е совршена дестинација за сите патници. Истражете ги неговите светски познати знаменитости како Ајфеловата кула, Триумфалната порта и катедралата Нотр Дам. Прошетајте низ историските улици на Монмартр или уживајте во уметноста во Лувр и Музејот Орсеј. За љубителите на шопинг, Шанзелизе нуди луксузни брендови и автентични француски бутици. Крстарењето по реката Сена ќе ви овозможи уникатен поглед на градот, додека француската кујна ќе ве воодушеви со вкусови во секоја уличка и кафе. Без разлика дали сте љубител на историјата, уметноста или културата, Париз ветува незаборавно искуство за сите.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 799евра
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Повратен авионски билет, од Скопје до Париз со 20 кг вклучен багаж
- Аеродромски такси
- Организиран повратен трансфер од аеродромот до хотелот
- Панорамски разглед на Париз со автобус
- 5 ноќевања со појадок во хотел со 3* (Ibis Pantin или сличен)
- Придружник за време на патувањето во Париз
- Организирани пешачки разгледувања на градот
Не е вклучено:
- Факултативни екскурзии и активности во Париз (Дизниленд, Влезница за Ајфелова Кула, посета на
- Лувр, посета на Версај, посета на Мукен Руж, посета на Операта Гарние.... )
- Индивидуални трошоци за оброци и пијалоци
- Влезници за музеите и атракции (на пр. Лувр, Ајфеловата Кула)
- Патничко и здравствено осигурување
- Дополнителни трошоци во хотел
- Факултативни екскурзии и активности во Париз (Дизниленд, Влезница за Ајфелова Кула, посета на
- Лувр, посета на Версај, посета на Мукен Руж, посета на Операта Гарние.... )
- Индивидуални трошоци за оброци и пијалоци
- Влезници за музеите и атракции (на пр. Лувр, Ајфеловата Кула)
- Патничко и здравствено осигурување
- Дополнителни трошоци во хотел
Програма
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:50 ч од Скопје. Слетување во Париз во 10:30 ч.
Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејски Полиња, Триумфална Капија, Конкорд, црква Мадлена, опера Гарние, Вандом, Лувр, Орсеј, Нотр Дам, латински кварт, Инвалиди, Воена Школа, Ајфелова Кула, Мостот Александар III.
Сместување во хотел. Слободно време за ручек.
Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња. Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Појадок. Организирана прошетка до Лувр (со метро). Од Конкорд преку паркот Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр.
Слободно време за влез во Лувр со претходно резервирани влезници. Посетата трае 2 часа.
Слободно време за ручек.
Организирана посета на Мон Мартр (со метро).
Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на црквата Свето Срце.
Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж.
Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Појадок. Во 08.00 часот поаѓање за Версај. Организирана посета и влез во дворецот. Слободно време за прошетка по парковите. Враќање во Париз.
Организирана заедничка посета на латинскиот кварт. Слободно време за ручек. Враќање во хотел.
Организиран заеднички Дочек на Новата година на еден од плоштадите во Париз или Елисејските Полиња. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк Дизниленд.
Се патува со брз воз, влезниците се купуваат преку интернет. За оние кои остануваат во Париз има организирана прошетка до квартот Маре, Општината, Бастиља, центарот Помпиду.
За љубителите на кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.
Појадок. Организирани посети на Операта Гарние (однадвор), музејот за парфеми Фрагонард, галеријата Лафајет. Слободно време за ручек.
Можност за посета на Музејот Орсеј или црквата Sainte Chapelle (факултативно). За љубителите на шопинг, предлагаме посета на новиот дел Ла Дефанс.
Попладнето организирано крстарење со брод по Сена (факултативно). Вечерта слободно време за посета на Ајфеловата Кула. Слободно време за вечера на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 07:30 часот.
Полетување за Загреб во 11:20 часот, слетување во 13.10 ч.
Полетување за Скопје во 13.40, слетување во 15.05 часот.
- Цените се по лице, сместување во двокреветна соба и валидни за пријавување на мин. 20 патници.
- Цени за сместување во еднокреветна соба на барање.
- Плаќање исклучиво во денари по курс 62 мкд.
- Плаќање при резервација 30%, доплата 15 дена пред поаѓање.
- Агенцијата има право да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање.
- Важат останатите општи услови на патување на Стаф.