8МИ ДЕКЕМВРИ ЗАГРЕБ

Цена

195.00

Траење

4 days

За патувањето

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира Загреб во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.

Цена на аранжманот: 229 евра14.200мкд по лице 

BLACK FRIDAY ЦЕНА: 195 eвра / 12.090 мкд по лице (важи до 29.11)
ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА!

Инфо на  071/451-633 или 070/213-471

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во Хотел Aristos 3*, во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед со водич
  • Посета на шопинг ценатр Арена
  • Посета на Christmas market
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

Не е вклучено:

  • Факултативна посета на Љубљана 45 евра
  • Туристичка такса по лице за целиот престој 400 денари по лице (се плаќа во Агенција)
  • Патничко осигурување (200мкд)
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативна посета на Љубљана 45 евра
  • Туристичка такса по лице за целиот престој 400 денари по лице (се плаќа во Агенција)
  • Патничко осигурување (200мкд)
  • Индивидуални трошоци

Програма

Состанок со групата на паркингот пред хотел "Holiday Inn" во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.

Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Враќање во Загреб. Вечерта,  повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” - црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

  • Доплата за еднокреветна соба 5.500 мкд
  • Дете до 3години гратис (без легло)
  • Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 6.140 ден за две ноќевања
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Стаф.

Повеќе информации

Датуми

06.12 - 09.12

Локација