Новата туристичка дестинација за македонските туристи-ШЕНЃИН
Дали сте знаеле дека многу од убави плажи во Албанија биле користени како воени бази за време на комунизмот? Тоа е голема штета, со оглед на убавото крајбрежје што го има земјата. Една од тие „одбрани“ плажи била Шенѓин.
Шенѓин е лоциран на 7км од градот Лежа. Неговото име во превод значи ‘’Свети Јован’’ и се смета за едно од најпопулатните и историски богати дестинации во регионот Лежа.
Доколку сте љубители на долга песочна плажа, со многу хотели, продавници и барови на плажа лоцирани непосредно пред плажата, а исто така ви се допаѓаат многу туристички услуги на располагање, оваа плажа треба да биде вашиот следен одмор.
Местото Шенѓин изобилува со прекрасни плажи, опколени со еколошки парк. И покрај близината на другите плажи, плажата Шенѓин е најбарана од локалното население и од посетителите. Разновидноста на избор за престој, јадење, можности за забава и вечерни прошетки се добри причини зошто оваа плажа има толку многу посетители.Нуди уживање не само во текот на летната сезона, туку и во текот на целата година. Живописниот пејзаж на оваа област, прекрасната храна, недопрената природа и богатата подводна флора и фауна се само некои од причините што го прават ова место омилено за одмор.
Плажата Рана е Хедхун (Фрлен песок), позната по својот песочен рид, е со кристално тиркизна вода и сив песок. Оваа плажа е погодна за различна категорија на луѓе, љубители на одмори, семејства со деца, постари лица итн. На самата плажа може да се забележи интересната форма на дрвјата(свиткани према морето), чија причина за нивниот изглед се токму ветровите и климата која ја има самото место.
Оваа плажа која е долга 3 километри е една од најбараните песочни плажи. Во чија близина се наоѓа споменикот на природата Рана е Хедхун, од каде и потекнува името на самата плажа.
По должината на крајбрежјето има барови, ресторани, хотели и кампови меѓу најдобрите и најпосетуваните. Секој почеток на јуни, на плажите на Ране и Хедхун, се одржува најголемиот фестивал на електронска музика UNUM. Некои од најпопуларните диџеи во светот пуштаат музика 24 часа на ден, 4 дена во неделата. Странски туристи, претежно млади, се посетители на овој фестивал, со што Лежа станува епицентар на туризмот во Албанија.
Ова лето, ние ве носиме токму во ова прекрасно место. Имаме вила која се наоѓа на сама плажа, термини достапни во текот на целото лето. Вилата располага со капацитети максимум до 6лица. Во близина имате разни продавици, кафулиња, маркети, пекари, достапни со поволни цени.
Вила Алберти-ЛИНК ОД ПОНУДАТА
Исто така ви нудиме и кратка и релаксирачка прошетка по повод 24ти Мај
Вила Алберти-ЛИНК ОД ПОНУДАТА