Празнување на Велигден во Романија

 

Велигден е празник со кој се слави воскресението Христово. Затоа, има централно место и е најважен настан во учењето и во животот на светата Црква. Христовата победа над смртта е победа која што Синот Божји ја извојува за целокупното човештво и за сиот свет. Затоа, овој ден треба да се слави и одбележува.

Велигденските јајца се вапцуваат со црвена боја за која се смета дека ја симболизира Христовата крв. Но и инаку црвената боја е боја на радоста, оптимизмот и на животот воопшто.  Обичај е  јајцата да се шараат со разни техники со листови од растенијата, со срма и мониста со восок итн.

На велики четврток се вапцуваат првите три јајца. Првото јајце е посветено на бога, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа. На Велики петок е строгиот пост, каде што сe препорачува да се пијат само течности, односно вода, чај итн. На тој ден се вели дека Исус бил распнат на крстот. Иако Велики петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, сепак Велигден веднаш по Божиќ се смета за најрадосниот христијански празник. На Велика сабота Исус веќе починал. Тој ден, навечер се оди околу црква, се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца. Во неделата веќе е дозволено да се омрсиш и на тој ден Исус воскреснал. На ден Велигден(недела), најчесто се оди кај постарите роднини( баба и дедо) и се поздравува со “Христос Воскресе’’ и се одговара со ‘’Навистина Воскресе’’.

Но, не секаде низ светот, Велигден се празнува на ист начин. Доколку не сте биле во Романија, ви препорачуваме да го прочитате следниов текст и доколку сакате да бидете дел од оваа традиција.

Велигден е една од најважните верски прослави во Романија. Многу цркви низ Романија одржуваат специјални велигденски богослужби. Семејствата и пријателите се собираат на велигденски ручек или вечера, каде оброците вклучуваат: јагнешко месо, вклучително и дроб (јагнешки органи со зеленчук), Pască, посебен вид на Cozonac    (торта со килограм ореви), шарени јајца. Боите кои се користат се црвена, жолта, сина, зелена и црна.

Се повеќе и повеќе, велигденските базари стануваат се повеќе популарни. Велигденските базари се организираат една или две недели пред Велигден, во поголемите романски градови како што се Букурешт, Сибиу, Брашов, Темишвар итн, на самите  плоштади. На базарите најчесто се изложуваат рачно вапцаните јајца. Многу често се одржуваат и натпревари во кршење со јајце, во зависнот од тоа во која област се одвиваат, додека во некои области се фрлаат лушпите од јајцата на земја, со цел да се оплоди почвата.

Доколку сакате да ја посетите Романија за Велигден, ние ви ги нудиме Букуешт со Трансилванија –ЛИНК ОД ПОНУДАТА

Темишвар со Сибиу-ЛИНК ОД ПОНУДАТА

 

Add a Comment

Your email address will not be published.