Се што би сакале да знаете за Неос Мармарас

Дали некогаш сте го посетиле Неос Мармарас? Доколку не, ние преку нашите летни аранжмани, ви овозможуваме да дојдете и да го посетите ова беспрекорно место. Неос Мрамарас го претставува срцето на Ситонија и зошто да не биде вашиот предизвик ова лето. Центарот е преполн со ресторани, пицерии, кафулиња и барови и некои од најдобрите таверни со морска храна во Ситонија. Пазарењето е без сомнение најдоброто во Ситонија – без разлика дали се сувенири што ги барате или производи од маслиново масло и зачини. Неос Мармарас, исто така, има бескрајни видови на продавници кои продаваат кожни производи и крзна.

Неос Мармарас е најголемото приморско место на вториот крак на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки. Неос Мармарас е оддалечен приближно 120 километри од Солун и има 3.500 жители кои главно се занимаваат со туризам, риболов и пчеларство. Во Неос Мармарас ќе најдете полициска станица, пошта, банка, приватни клиники, регионална јавна клиника, аптека, противпожарна бригада и други услуги.

Активности и посети кои ги нуди Неос Мармарас

  1. Партенонас

Партенонас бил напуштен град на духови кој почнал да оживува во последните години. Во денешницата претставува необично историско место кое се наоѓа на 6 километри од Неос Мармарас. Постојат археолошки докази дека Партенонас бил населен уште во 10 век п.н.е. Ова место има неколку шармантни мали хотели кои се реставрирани во стар грчки стил. Има неколку таверни кои ќе ви дадат панорамски поглед кон Касандра и островот Келифос, а исто така ќе имате можност да уживате во прекрасната глетка на неверојатното зајдисонце над планината Олимп, највисоката планина во Грција.

  1. Торонеос крстарење

Прекрасниот залив Торонеос се наоѓа помеѓу полуостровите Касандра и Ситонија. Добро е познат по своите цијан-кристални води, воодушевувачкиот поглед на пејзажот и крајбрежјето на двата полуострови. Самото крстарење води до интересниот остров-Кефалос, кој го нарекуваат “Островот на желките”, поради тоа што има форма на желка.

Места за јадење

  1. Таверни

Храната е едно од најголемите задоволства во животот, во која можете да уживате заедно со блиски пријатели или фамилија, а овде посебно ќе ве воодушеви вкусот на специјалитетите што  може да ги вкусите. Несомнено е дека Неос Мармарас има најголема концентрација на таверни на едно место во Ситонија. Покрај традиционалната „Псистарија“ каде што ќе ги купите вашите вкусни сувлаки и гиро, ќе најдете и многу луксузни ресторани низ Неос Мармарас.

Рибната таверна е една од омилените овде, бидејќи е лоцирана покрај море и ви нуди прекрасен поглед во кој ќе уживате за време на вашиот ручек . Тука можеме да ја спомнеме плажата Парадисос каде што се наоѓаат убави ресторани со вкусна храна и мезе, од каде што ќе можете да уживате во прекрасното  зајдисоцнето.

 “Okyalosрибен ресторан

Овој ресторан ја има најцентралната положба во Неос Марамарас. Познат е по автентичните вкусови, нуди широка разновидност на свежа риба, рибни предјадења и вкусни јадења базирани на традиционални рецепти. Додека уживате во прекрасно подготвената храна, препорачуваме да ги вкусите и разновидните врсти на вина кои ги нуди ресторанот.

Плажи кои можете да ги посетите

Во областа Неос Мармарас има неверојатни и добро организирани плажи со „Сино знаме“. Некои од нив се достапни дури и пеш. Јужно од Неос Мармарас, веднаш покрај одморалиштето Порто Карас се наоѓа убава долга песошна плажа. Не треба да одите далеку од Неос Мармарас за да ја најдете вистинската плажа за одмор поради која сте ја посетиле Ситонија.

  1. Paradisos beach

Станува збор за тесна плажа која ги опслужува локалните хотели и апартмани кои се наоѓаат на шеталиштето. Плажата е добро организирана со лежалки и чадори. Самата плажа е комбинација од песок и камен, јужниот дел е повеќе со камења, а северниот дел е песочен. Морското дно е исто така мешавина, како што влегувате во водата има камења и песок, но потоа само песок. На моменти може да има бранови, но без грижа, има спасувачи кои патролираат цел ден. Парадисос е безбеден и добар избор за семејства.

  1. Lagomandra beach

Ова е една од најпознатите и најпопуларните плажи на Ситонија. Се наоѓа на 13 км јужно од Никити и 7 км северно од Неос Мармарас. Долга е 1 км и е поделен на два дела со еден мал гребен.

Северниот дел од плажата е најпопуларен. Во задниот дел од плажата има борова шума и природна сенка, но плажата е многу добро организирана и уредена така што, покрај тоа што можете да ставите свои чадори за сонце и лежалки, можете и да изнајмите. На плажата исто така има и игралиште за одбојка, кабини, тушеви и тоалети, кои се наоѓаат во централниот дел, во близина на хотелот.

Места каде да престојувате

На оваа дестинација, која за прв пат ја работиме, ви ги предлагаме нашите сместувачки капацитети-вили.

  1. Вила Раниа

Се наоѓа на 150м од плажа (3мин пешки) и на 300м од центарот на градот. Располага со 3 четворокреветни апартмани со две посебни соби, 2 трокреветни апартмани  и 1 петокреветен апартман. Сите апартмани се опремени со сопствена кујна, тоалет, тераси, дел од нив се со поглед на море, дел со поглед на планина.

  1. Вила Џина

Се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вила Џина располага со двокреветни и трокреветни студија, како и 1/3+1 (со 2 единечни кревети во собата и тросед на преклоп во кујната) и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

  1. Вила Катерина

Се наоѓа на 120 метри од градската плажа. Располагаме со четворокреветен дуплекс апартман на приземје, со две спални во секоја соба има по два единечни кревети, во посебна просторија комплетно опремена кујна, балкон, купатило, тв, клима, wi-fi.

Доколку сакате да добиете повеќе информации од нашите сместувачки капацитети, повелете линк https://staff.mk/ba_location/vtor-krak/ 

 

 

Add a Comment

Your email address will not be published.