Дали сте ја посетиле Будимпешта за време на Christmas Market

Будимпешта-божеќен маркет

 

Посетете го Божиќниот маркет и зимскиот фестивал во Будимпешта на плоштадот Vörösmarty, доколку сакате да се потопите во волшебната атмосфера.
Празничните божиќни базари ги прикажуваат младите и старите таленти на Унгарија, кои навистина ги прават своите производи со љубов, грижа, носејќи ги традициите долги години во плетење, резба на дрво, правење свеќи, керамика, трговија со кожа (изработка на појаси, правење кеси , изработка на чевли, итн.), традиционален унгарски вез и чипка, итн.

Не очекувајте блескави ракотворби, само убави, пријатни и скромни подароци. Дрвени тезги во стил на колиба и две сцени на отворено заземаат едно од најатрактивните места во Будимпешта во текот на неколку недели пред празниците на крајот на годината.

Од далеку можете да го почувствувате мирисот на традиционалните медени колачиња, варено вино и цимет. Исто така, вреди да се проба и традиционалниот унгарски колач-„Kurtos kalacs“( во облик на оџак), паралелно уживајќи во божиќните концерти. Примамливиот мирис на традиционалните специјалитети Ве мами да дојдете и да се придружите на овој базар.

Погледнете ја нашата понуда за Будимпешта за Christmas Markет со еден клик ОВДЕ

 

Add a Comment

Your email address will not be published.