МАЛТА СО АВИОН (06.03-09.03)
Цена
Траење
За патувањето
Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 €
попуст за ранa уплатa до 15.02: 369 €
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Авионски превоз на релација Скопје – Малта - Скопје
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер до 10кг со димензии 40х30х20см)
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Малта
- Сместување во хотел Alexandra 3* на база 3 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Не е вклучено:
- Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање
- Факултативна посета на Валета и Мдина - 50 евра
- Факултативна посета на Гозо 65 евра
- Факултативна посета на Трите Града и Марсашлок 50 евра
- ПАКЕТ за трите факултативни излети 150 евра
- Туристичка такса 750 мкд - се плаќа во агенција
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко осигурување
- Долата за еднокреветна соба 4.200 мкд
- Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање
- Факултативна посета на Валета и Мдина - 50 евра
- Факултативна посета на Гозо 65 евра
- Факултативна посета на Трите Града и Марсашлок 50 евра
- ПАКЕТ за трите факултативни излети 150 евра
- Туристичка такса 750 мкд - се плаќа во агенција
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко осигурување
- Долата за еднокреветна соба 4.200 мкд
Програма
Состанок на група на аеродром Скопје во 19.30 часот . Полетувањето е во 21:25 часот. Слетување на аеродром во Малта во 23:15 часот. Трансфер од ародром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Посета на Мдина - стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Попладне враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea - Isla, Vitoriossa - Birgu, Cospicua Bormla - најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L'Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Посета на шармантното, традиционално, рибарско село Марсашлок - познато по преубавата глетка, по пазарот за риба, рибните ресторани... Тука ќе ги видите живописно обоените чамци насликани со очи на лакот – наречерни Luzzu кои често се сметаат за симбол на Малта. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 21.10 часот. Слетување во 22:45 часот.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
- Начини на плаќање:
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 мкд. При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на 7дена пред поаѓање.
- Општи напомени за патување:
- Т.А.СТАФ го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Популарни патувања
КАСА КАРИНА 4*-БАНСКО
35.00€
8МИ МАРТ КРАКОВ
209.00€