БАНСКО ЗА СВ.ВАЛЕНТАЈН

Цена

Траење

За патувањето

Без разлика дали се работи за долгорочна врска или млад брачен пар, романтиката е клучна за градење на врската во силна емотивна врска. По повод денот на вљубените Ви нудиме идеална понуда, викенд во Банско. Препуштете се на зимската атмосфера и уживајте викенд со вашата сакана личност. Во продолжение програмата

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 129 ЕВРА 

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел Мариа Антоанета 3*
  • Користење на СПА (базен,сауна,парна бања)
  • Туристички придружник

Не е вклучено:

  • Туристичка такса- 3 евра од лице (се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса- 3 евра од лице (се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Програма

Состанок на групата пред хотел Русија во 06:00ч. Заминување кон Банско. Попатно собирање патници од Штип, Кочани, Делчево. Пристигнување во Банско во претпладневните часови. Слободно време за индивидални активности. Сместување во хотел Мариа Антоанета 3* Хотел Мариа Антоанета располага со СПА центар (внатрешен базен), 2 сауни и парна бања. Слободно време за уживање во СПА или прошетка низ градот. Вечера. Доколку има интерес од страна на групата се посетува паб. Ноќевање
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности. Ски центарот Банско има неколку посебни бачила а најатрактивен од сите е Бандеришка Полјана. Ова е место каде сите туристи се таму без разлика дали се скијачи или не. Можете да стигнете со гондола или пак со сопствен превоз (кола/комбе). На Бандеришка Полјана доколку не сте скијачи, доволно е да поминете од 2-3 часа. Времето пополнете го со прошетка околу шумата, вкусување греено вино или чај. Останатиот дел од денот искористете го за СПА центар.  За сите тие кои сте скијачи, ве очекуваат адреналински стази. Вечера. Ноќевање
Појадок во хотел. Заминување кон Mакедонија. Попатно се посетува МЕТРО во Благоевград. Пристигнување во попладневните часови во Скопје
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Патникот е должен при уплата на аранжман ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се изјасни на кои екскурзии ќе присуствува. Во случај да нема се изјаснето и нема доволен број на влезници за одреден музеј/знаменитост а притоа сака да присуствува, Т.А Стаф не превзема одговорност.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

Повеќе информации

Датуми

09.02-11.02.2024