ВЕЛИГДЕН ВО ВЕНЕЦИЈА -(ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ)
Цена
159.00€
Траење
3 days
За патувањето
Најромантичниот град во Европа кој го дели овој пиедестал со Париз е Венеција, град со посебен шарм. Често ја нарекуваат Ла Серенсима, граничи со повеќе од 170 канали кои се поврзани со над 350 мостови. Првиот од трите моста што го минуваат Каналот е и најпознат – Понте ди Риалто. Целата негова околина е многу живописна, особено блискиот пазар. По должината на Гранд Каналот ќе видите десетици прекрасни палати, од кои најпознати се Casa d’Oro, Casa Rezzonico и Palazzo Grassi, додека покрај споредните канали ќе откриете многу цркви, но и Ла Фениче (La Fenice), оперската куќа. Тука е и црквата Санта Марија дела Салуте, која стои како чувар на устието на Каналот во лагуната.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 179€/ 15.190 МКД
ПРОМО ЦЕНА ДО 15.03: 159€/ 9.860 МКД
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел во Лидо ди Јесоло
- Организација на аранжманот
- Туристички пратител од агенијата за време на патувањето
Не е вклучено:
- Превоз + бродски билет до Венеција 30 €
- Посета на Милано и Верона 60 €
- Влезници за музеи и споменици
- Задолжително патничко осигурување 300 мкд
- Доплата за еднокреветна соба
- Туристичка такса за ноќевање во Италија 3€по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
- Превоз + бродски билет до Венеција 30 €
- Посета на Милано и Верона 60 €
- Влезници за музеи и споменици
- Задолжително патничко осигурување 300 мкд
- Доплата за еднокреветна соба
- Туристичка такса за ноќевање во Италија 3€по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
Програма
Состанок на групата во 09.30 ч на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање во 10.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо. Слободно време за индивидуални активности. Продолжуваме кон Лидо ди Јесоло со попатна посета на Outlet шопинг центар Noventa di Piave. Во попладневните часови пристигнување во Лидо. Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање
Појадок. По појадокот заминуваме на еднодневна екскурзија во Милано и Верона. По пристигнувањето во Милано одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот. Од овде одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време продолжуваме кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ овој уникатен средновековен град, плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде. Слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите времето за возење со гондола низ каналите на Венеција, да ја посетите Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договорено време тргнување кон Скопје. Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје на 21.04.2025 Понеделник во попладневните часови .
Популарни патувања
ВЕЛИГДЕН ВО ХРВАТСКА (ИСТРА)
229.00€
ВЕЛИГДЕН ВО ПРОЛОМ БАЊА
285.00€
ВЕЛИГДЕН ВО КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
325.00€