БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ – МАЛТА

Цена

329.00

Траење

4 days

За патувањето

Малта, островска држава во средината на Средоземно море ја чинат трите најголеми и населени острови, Малта, Гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено.
Она што ја прави уникатна е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеле христијанството… Впечатливите бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот ја прави Малта монденско место.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 429 € / 26.600 мкд

ПРОМО ЦЕНА ДО  31.01: 329 € / 20.398 мкд

 

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
  • Аеродромски такси
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во во Малта на база 3 ноќевања со појадок
  • Заедничка вечерна прошетка низ Слиема
  • Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Организација на аранжманот и придружник на патување

Не е вклучено:

  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Посета на Попај село 20 евра (трансфер и влезница)
  • Посета на  Валета 35 евра (трансфер, локален водич)
  • Излет по Малта (Ta Qali, Rabat, Mdina, Blue Grotto,  Marsaxlokk) 55 евра  (трансфер, локален водич)
  • Посета на Гозо 65 евра (трансфер, брод, локален водич)
  • ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ  160 евра
  • Туристичка такса 750 мкд   (се плаќа во агенција)
  • Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 90 € / 5.580 мкд
  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Посета на Попај село 20 евра (трансфер и влезница)
  • Посета на  Валета 35 евра (трансфер, локален водич)
  • Излет по Малта (Ta Qali, Rabat, Mdina, Blue Grotto,  Marsaxlokk) 55 евра  (трансфер, локален водич)
  • Посета на Гозо 65 евра (трансфер, брод, локален водич)
  • ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ  160 евра
  • Туристичка такса 750 мкд   (се плаќа во агенција)
  • Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 90 € / 5.580 мкд

Програма

Состанок на група на аеродромот во Скопје во 15.00 часот. Полетување во 17:10 часот. Слетување на аеродром во Малта во 19:00 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Вечерта организирана прошетка со придружник во Слиема, позната како центар за шопинг, преубави ресторани, кафулињата, интересни улички и архитектура создадени за убави фотографии и можност за уживање во пијачка и морско на пристаниште.Ноќевање.
Појадок. Потоа се упатуваме на целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина. Посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта, наречен – Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура, разглед на познатите градини Св. Антони, Претседателската Палата… Прошетка до Рабат, предградието на Мдина. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло каде вештите занаетчии создаваат сложени стаклени предмети и одлична прилика да купите уникатни сувенири. Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grottо)која е најпознатиот пештерски комплекс на Малта, што преставува всушност комплекс од девет пештери чии карпести страни светат зелено, виолетово или портокалово, во зависност од нивната содржина на минерали. Околу пештерите се наоѓаат едни од најчистите, најсветли кобалтно-сини води што може да се замислат. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче низ Blue Grottо. Потоа следува посета на рибарското градче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот. Пристаништето е идеално за фотографии поради што многу туристи го посетуваат за да ги сликаат типичните ,,luzzu,, рибарски чамци. Враќање во хотел. Вечерта заедничка прошетка во Ст. Џулиан, место познато по својот бурен ноќен живот, монденско место со многу барови и ресторани. Ноќевање.
Појадок. Со површина од нешто повеќе од 65 квадратни километри, вториот најголем остров на Малтешкиот архипелаг е Гозо е само околу 25 минути возење со ферибот од главниот остров, Малта. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 години. Овој ден одиме овде на целодневна факултативна посета каде што ќе не пречека волшебното Внатрешно Море или таканаречено природно чудо со уникатна геолошка формација и прекрасни глетки. Ќе ја постиме пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на Базиликата Та Пину-Место на Чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење на ова прекрасно место. Посета на Старата Цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот. Патувањето до волшебниот малтешки остров Гозо останува нецелосно без ниту еден ден поминат на прекрасната плажа на заливот Dwejra Bay кој се смета за една од најнеобичните атракции на Гозо што многу туристи ја сакаат. Познатите знаменитости како што се Ватрешното море, Карпата Габа, Азурниот прозозорец и караулата Двејра. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче во заливот кој со своите крајбрежни формации и морето што се прелева над карпите е навистина една магична атракција. Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи. Слободно време за ручек во заливот Xlaendi во некој од локалните ресторани со традиционална вкусна малтешка храна. Враќање во хотел. Вечерта можножност за факултативна вечера. Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотел.Факултативно, посета на селото на Попај (Popeye Village) или уште познато како (Sweethaven Village) кое е наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Потоа одиме на факултативен разглед на Валета, главниот град на Република Малта и локалитетот на светското наследство на УНЕСКО. Историскиот град со ѕидови датира од 1565 година и има атмосфера на Медитеран со северно африкански пресврт. Оваа дестинација конечно влезе во глобалниот центар на вниманието како Европска престолнина на културата во 2018 година.Опкружен со бројни масивни ѕидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти, продолжуваме по сликовитите улички до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата се доплаќа на лице место 15еур). Слободно време за ручек. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 19:35 часот. Слетување во 21:20 часот.
  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
  • При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.
  • Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

Повеќе информации

Датуми

40

Локација