8МИ МАРТ ВО ПРАГА

Цена

179.00

Траење

4 days

За патувањето

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО.

Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 😊
Во продолжение програмата…

Цена на аранжманот: 239 евра / 14.818 мкд по лице

Промо цена 179 евра / 11.098 мкд

Со уплата на овој аранжман сте потенцијален добитник на ГРАТИС ПАТУВАЊЕ ЗА ДУБАИ

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага(околина)
  • Посета на Виена Организација
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF 

Не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 250 ден
  • Разглед на Прага со локален водич 15 €
  • Факултативен излет за Карлови вари 35€
  • Крстарење со брод по Влтава 25€
  • Посета на Дрезден со локален водич 45€
  • Задолжителна туристичка такса 2 евра од лице од ноќ
  • Влезници за локалитетите
  • Задолжително патничко осигурување 250 ден
  • Разглед на Прага со локален водич 15 €
  • Факултативен излет за Карлови вари 35€
  • Крстарење со брод по Влтава 25€
  • Посета на Дрезден со локален водич 45€
  • Задолжителна туристичка такса 2 евра од лице од ноќ
  • Влезници за локалитетите

Програма

Состанок на групата во 14:30ч. и поаѓање кон Прага. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa.

Ноќевање.

Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка.Патот продолжува кон Дрезден.Разглед на градот со локален водич-операта Земпер, палата Цвигер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, палата Тешенбер, Августовиот музеј итн .Враќање во Прага.

Ноќевање.

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF . Слободно време за шопинг По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Повеќе информации

Датуми

06.03-09.03

Локација