8МИ МАРТ ВЕНЕЦИЈА -(ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ)

Цена

209.00

Траење

За патувањето

Најромантичниот град во Европа кој го дели овој пиедестал со Париз е Венеција, град со посебен шарм. Често ја нарекуваат Ла Серенсима, граничи со повеќе од 170 канали кои се поврзани со над 350 мостови. Првиот од трите моста што го минуваат Каналот е и најпознат – Понте ди Риалто. Целата негова околина е многу живописна, особено блискиот пазар. По должината на Гранд Каналот ќе видите десетици прекрасни палати, од кои најпознати се Casa d’Oro, Casa Rezzonico и Palazzo Grassi, додека покрај споредните канали ќе откриете многу цркви, но и Ла Фениче (La Fenice), оперската куќа. Тука е и црквата Санта Марија дела Салуте, која стои како чувар на устието на Каналот во лагуната.

Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 😊
Во продолжение програмата…

 

Цена на аранжманот: 245 евра / 15.190 мкд

Промо цена: 209 евра / 12.958 мкд

СO УПЛАТА НА ОВОЈ АРАНЖМАН СТЕ ПОТЕНЦИЈАЛЕН ДОБИТНИК НА ГРАТИС ПАТУВАЊЕ ЗА ДУБАИ

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадокво хотел во Лидо ди Јесоло
  • Организација на аранжманот
  • Туристички пратител од агенијата за време на патувањето

Не е вклучено:

  • Превоз + бродски билет до Венеција  30 €
  • Посета на Милано и Верона 60 €
  • Влезници за музеи и споменици
  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд
  • Доплатаза еднокреветна соба
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија  3€по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • Превоз + бродски билет до Венеција  30 €
  • Посета на Милано и Верона 60 €
  • Влезници за музеи и споменици
  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд
  • Доплатаза еднокреветна соба
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија  3€по лице по ноќ, се плаќа во агенција)

Програма

Состанок на групата во 09.30 ч на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање во 10.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо. Слободно време за индивидуални активности. Продолжуваме кон Лидо ди Јесоло со попатна посета на Outlet шопинг центар  Noventa di Piave. Во попладневните часови пристигнување во Лидо.  Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање.

Појадок. По појадокот заминуваме на еднодневна екскурзија во Милано и Верона. По пристигнувањето во Милано одиме на   разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот. Од овде одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време продолжуваме кон  Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини и да се почастите по еден аперол шприц во еден од прекрасните локали на плоштадот Бра по повод Денот на жената. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ овој уникатен средновековен град, плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде. Слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите времето за возење со гондола низ каналите на Венеција, да ја посетите Дуждевата палата и црквата Св.Марко.  Во договорено време тргнување кон Скопје.  Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Скопје на 10.03.2025 Понеделник во попладневните часови .

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Стаф.

Повеќе информации

Датуми

07.03.-09.03.2025

Локација