8МИ МАРТ ХРВАТСКА (ИСТРА)

Цена

229.00

Траење

За патувањето

Можеби веќе сте гледале понуди за 8ми Март и не можете да се одлучите каде да одите а штом сте стигнале до оваа програма, тука треба да се задржите и да се одлучите.
Нашата тура за 8ми Март е тура што за 4 дена ќе посетите 9 градови и тоа во 3 држави (Италија, Словенија и Хрватска). Сигурно се запрашувате кои се тие градови и каде се престојува?
Тимот на Стаф ја има идеалната понуда за вас со 3 ноќевања за денот на жената, во продолжените програмата…

 

Редовна цена на аранжман: 259 евра

Промо цена на аранжман: 229 евра до 31.01

 

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз *Превоз од: Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово
  • 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Цриквеница
  • Посета на Загреб и разглед на градот со локален водич
  • Посета на Риека и разглед на градот со локален водич
  • Туристички придружник

Не е вклучено:

  • Посета на Ровињ,Пула и Опатија разглед на градовите со локален водич- 70 евра од лице
  • Посета на Трст (Италија) и Пиран (Словенија) и разглед на градовите со локален водич- 55 евра
  • International пакет (посета на Пула, Ровињ, Опатија, Трст и Пиран) 105 евра од лице- (20 евра заштеда)- сите факултативи
  • Туристичка такса од лице 9 евра за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
  • Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување
  • Посета на Ровињ,Пула и Опатија разглед на градовите со локален водич- 70 евра од лице
  • Посета на Трст (Италија) и Пиран (Словенија) и разглед на градовите со локален водич- 55 евра
  • International пакет (посета на Пула, Ровињ, Опатија, Трст и Пиран) 105 евра од лице- (20 евра заштеда)- сите факултативи
  • Туристичка такса од лице 9 евра за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
  • Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување

Програма

Состанок на група кај хотел Русија-Скопје околу 19:00ч. Имаме организиран превоз од Кочани, Штип,Велес, Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи, граници и царински формалности.
Денот ни започнува во главниот град на Хрватска, Загреб). Загреб првично постоел како два различни града, Каптол кој бил населен главно со свештенство, а во кој се наоѓа Загребската катедрала и Градец населен главно со земјоделци и трговци кои во 1851 година биле обединети. Градот е доста привлечна туристичка дестинација и бројот од година на година се повеќе се зголемува. Разлгед на градот со локален водич. Слободно време за кафе или индивидуален прошетка. Сместување во хотел со 3* Цриквеница. Цриквеница се наоѓа наспроти островот Крк, има околу 11.100 жители и е на 35 километри од пристанишниот град Риека. Заедно со одморалиштата Драмаљ, Јадраново и Селце ја формира познатата Криквеничка ривиера. Историјата на туризмот датира повеќе од 125 години, а и денес ова прекрасно одморалиште е најпознатото и најголемото од целата ривиера. Гостите го сакаат неговиот непогрешлив носталгичен шарм, кој може да се доживее особено во романтичниот стар град, но и покрај шеталиштето. Сепак, Цриквеница е особено позната по многуте прекрасни плажи. Апсолутен белег во приморското одморалиште е долгата песочна плажа Градска Купалиште, која дури е наградена со сино знаме. Веднаш зад него е шеталиштето обложено со палми, кое води до други прекрасни заливи, до живописниот центар и стариот град. Тука се сместени многу добри ресторани, пријатни барови, кафулиња, но и некои продавници и бутици кои повикуваат на прошетка. Вечерта препорачуваме да го посетите стариот дел од градот и да се впиете во пријатна атмосфера. Ноќевање
Појадок во хотел. Денот ни започнува со посета на, Ровињ кој е неверојатен крајбрежен, романтичен и историски град во Хрватска, град лоциран на мал полуостров. Градот е омилен на туристите бидејќи станува збор за живописен стар град кои калдрмните улички биле изградени во средновековен стил, шарените куќи и градските плоштади создават амбиент што го одзема здивот. Една од најпрепознатливите знаменитости е црквата односно базиликата Св.Ефимија која била градена над остатоците од ранохристијанските градви во период од 1725-1736 год. Плоштадот Маршал Тито е главниот плоштад во Ровињ на која се наоѓа градската саат-кула, градската фонтана и најстарите кафулиња во градот. Во Ровињ е предвиден разглед на градот со локален водич за подобро запознавање на градот. По разгледот слободно време и заминување на излет до Пула, најголемиот град во Истра. Главниот и најпрепознатливиот симбол на градот е римсиот амфитеатар познат како ,,АRENA PULA’’ кој е најдобро сочуванит пример на римскиот амфитеатар, арена каде се одржувале гладијаторски битки, борби со животни итн. Се поминува покрај градските ѕидини, триумфалната капија и форумот кое е централното место за состаноци и главен плоштад во градот. По разглед на градот, групата има слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Пула. Последно место за посета е Опатија. Опатија e шармантен крајбрежен град со богата историја и култура, има многу фантастични локации, импресивни споменици и добро уредени паркови. Она што мора да се види во Опатија е дефинитивно историскиот центар на градот, улицата Слатина е секогаш многу жива бидејќи мотото е: види и биди виден. Шетајќи по живото шеталиште ќе откриете некои од највеличествените градби од царскиот период и, згора на тоа, ќе уживате во извонреден избор на ресторани, кафулиња и сувенирници. Една од најинтересните атракции во Опатија е Walk of Fame или патеката на славните која се наоѓа токму во центарот на градот и е дел од прекрасното шеталиште. Создадена дури во 2015 година, оваа улица на славните личи на познатата Булевар на славните во Л.А. Во моментов на оваа маѓепсана улица има 32 мермерни ѕвезди, кои во секој случај не треба да се пропуштат при посетата на Опатија. Слободно време за индивидуален разглед. Заминување кон хотел. Ноќевање
Појадок во хотел. Денот ни започнува во Италија (Трст) со еспресо 😊. Tрст може нема да има толку многу за шетање како Рим, да биде испреплетено како Венеција или да ја има хранливата сцена на Болоња, но ако сакате да доживеете дел од Италија без гужва, Трст е одличен избор. Главниот (плоштад Piazza Unità d’Italia) е опкружен со прекрасни згради во виенски стил и од овој плоштад има поглед кон морето па да испиете еден аперол би бил одличен избор. Трст е уникатен град и по својата географска локација на границата меѓу различните народи во затворен простор затворен помеѓу карстното плато и Јадранското Море, и по историските настани кои го интересирале и влијаеле низ годините од културен и архитектонски аспект. По неодамнешните работи на реновирање и реставрација, историскиот центар на Трст повторно ја доби елеганцијата и сјајот на своето минато, од наодите на римските урнатини до прекрасните палати кои датираат од австроунгарскиот период. Да се биде во Италија се разбира дека има многу историја а неопходен е да се види Римскиот театар во (Teatro Romano) кој е недалеку од главниот плоштад. Во Трст е предвиден разглед на градот со локален водич. По разгледот слободно време за индивидуални активности и заминување кон Пиран . Пиран е најубавиот град на словенечкото крајбрежје. Стариот пристанишен град со остатоци од средновековен ѕид е заштитен како културно-историски споменик. Тесните улички со тесно изградени куќи кои се спуштаат од ридот и неговата црква до централниот плоштад на брегот само го нагласуваат неговиот медитерански карактер. Овој светски крајбрежен град, кој се разви под влијание на Венеција и се смета за еден од најавтентичните и најфотогеничните градови на јадранскиот брег. Пиран не смеете да го одложите на оваа екскурзија. Разглед на градот со локален водич. Слободно време за индивидуални активности.Последното место за посета е историскиот стар град Крк (главен град на островот Крк) кој е вистински лавиринт од камени улички и  живописни плоштади што датираат од среден век. Центарот на Стариот град е опкружен со добро си Градски ѕидини а некои делови од ѕидот се стари речиси две илјади години. Романтичното шеталиште со пристаништето е исто така навистина шармантно, каде најдобро можете да уживате во живата гужва и врева во едно од прекрасните кафулиња и ресторани. Катедралата во Крк со својата прекрасна кула со ‘’кромид’’ се смета за едно од знаменитостите на градот Крк. Катедралата е изградена уште во 5 век, а веднаш до неа се наоѓа црквата Свети Квирин од 12 век. Крк е прекрасно место за пијалок и место за гледање луѓе, без разлика дали тоа е од кафулињата покрај пристаништето или еден од баровите. Слободно време за прошетка. Заминување кон хотел. Ноќевање Заминување кон хотел. Ноќевање
Појадок во хотел. Одјава од хотел и заминување кон градот Крк. Историскиот стар град Крк е вистински лавиринт од камени улички и  живописни плоштади што датираат од среден век. Центарот на Стариот град е опкружен со добро си Градски ѕидини а некои делови од ѕидот се стари речиси две илјади години. Романтичното шеталиште со пристаништето е исто така навистина шармантно, каде најдобро можете да уживате во живата гужва и врева во едно од прекрасните кафулиња и ресторани. Катедралата во Крк со својата прекрасна кула со ‘’кромид’’ се смета за едно од знаменитостите на градот Крк. Катедралата е изградена уште во 5 век, а веднаш до неа се наоѓа црквата Свети Квирин од 12 век. Крк е прекрасно место за пијалок и место за гледање луѓе, без разлика дали тоа е од кафулињата покрај пристаништето или еден од баровите. Слободно време за прошетка. Заминување кон хотел. Ноќевање Заминување кон Македонија. Пристигнување во утринските часови во Македонија.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници При уплата патникот се изјаснуа дали ќе пристуствува на факултативните излети
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата и промена на сместување.
  • Доплата за сингл соба 50% од сумата на аранжманот (ограничени соби)
  • Сместување со соби за две и три лица. Т.А СТАФ не гарантира дали ќе бидете сместени во соба со брачен или два единечни кревети, менаџментот на хотелот го одредува тоа.

Повеќе информации

Датуми

05.03.-09.03.25

Локација