8МИ МАРТ ТЕМИШВАР И СИБИУ
Цена
Траење
За патувањето
Темишвар е трет по големина град во Романија кој во 2023 бил прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Со архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија.
Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”.
На оваа екскурзија се посетува и градот Белград, еден од херојските градови и втор град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година.
Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 😊
Во продолжение програмата…
Цена на аранжман: 159 € по лице / 9.858 мкд
Промо цена 139€ по лице/ 7.998 мкд
Со уплата на овој аранжман сте потенцијален добитник на ГРАТИС ПАТУВАЊЕ ЗА ДУБАИ
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Aвтобуски превоз
- 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
- Разглед на Темишвар со локален водич
- Туристички придружник од агенција
Не е вклучено:
- Пакет - Посета на Сибиу и замокот Корвин со вклучена влезница - 60€/ 55 евра за студенти со приложување на индекс
- Туристичка такса- задолжителна доплата во автобус- 2€
- Посета на термалните бањи-Амазониа, превоз и влезница 30евра
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд
- За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
- За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.
- Пакет - Посета на Сибиу и замокот Корвин со вклучена влезница - 60€/ 55 евра за студенти со приложување на индекс
- Туристичка такса- задолжителна доплата во автобус- 2€
- Посета на термалните бањи-Амазониа, превоз и влезница 30евра
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд
- За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
- За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.
Програма
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.