СТРАЗБУР СО АВИОН (14-17.03)
Цена
Траење
За патувањето
Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсажот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУР, кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД (Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… а во плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села…
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 559 €
попуст за ранa уплатa до 15.02: 449 €
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Авионски билет на релација Скопје –Базел – Скопје
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
- Сите трансфери по програмата со автобус
- Сместување во Хотел ibis Strasbourg Centre Historique 3* на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Базел, Фрајбург и Стразбур
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Не е вклучено:
- Доплата за багаж: куфер за чекирање до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 5 дена пред поаѓање)
- Туристичка такса 930 денари (се плаќа во агенција)
- Крстарење по каналите на Стразбур 25 евра
- Факултативен излет до Алзас: Риквир и Колмар 65 евра
- Факултативен излет до Шварцвалд: Баден Баден и Хајделберг 75 евра
- Доплата за еднокреветна соба 5.500 мкд
- Влезници за локалитети и културно-историски споменици, јавен превоз...
- Патничко осигурување
- Доплата за багаж: куфер за чекирање до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 5 дена пред поаѓање)
- Туристичка такса 930 денари (се плаќа во агенција)
- Крстарење по каналите на Стразбур 25 евра
- Факултативен излет до Алзас: Риквир и Колмар 65 евра
- Факултативен излет до Шварцвалд: Баден Баден и Хајделберг 75 евра
- Доплата за еднокреветна соба 5.500 мкд
- Влезници за локалитети и културно-историски споменици, јавен превоз...
- Патничко осигурување
Програма
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.