Дали сте ја слушнале историјата на Сахер тортата и зошто е толку позната???

Во едно обично попладне во куната на еден ресторан каде работат беспрекорно искусни готвачи се случува една волшебна магија која прераснува во вкусен деликатес.

Во 1832г, австрискиот државен канцелар, принцот Клеменс Ванцел фон Метерних, им дал наредба на своите вработени да направат не секојдневен десерт за неговите гости, но за жал главниот готвач се разболува и останува да работи само неговиот помошник(чирак) кој имал само 16год-Франц Сахер за да ја изведе оваа магија. Во тој момент Сахер си рекол дека ова му е единствена шанса за да се покаже како работник и дека ќе се потруди да не го разочара принцот. После толку напор Сахер успеал да го направи бараниот колач од принцот, кој во историјата станал врвно познат колач и чие име го добило токму од младиот готвач Сахер. Но тоа не е се, неговиот син Едуад Сахер работел во слаткара-Демел(во која всушност за прв пат почнала да се продава оригиналната Сахер торта) во која ја продолжил традицијата на Сахер тортата, правејќи ја уште попозната, не само низ Виена, туку и низ цела Европа.

Во 1876г, Едуард Сахер го отворил хотелот Сахер, каде што го продавал својот производ кој станал се повеќе популарен низ Виена.

Во 1892г, умира Едуард, а традицијта ја продолжува неговата жена Ана, која воедно била и задолжена за хотелот. По  нејзината смрт во 1930г, хотелот останува во сопственост на нивниот син-Едуард(името го наследил од татко му), но не за долго време. По извесно време хотелот се затвара, а синот се вработува во слаткарата Демел и пробува на секаков можен начин да ја продава Сахер тортата, за да може повторно да го издигне брендот.

После втората светска војна, започнала и војна меѓу Хотел Сахер и слаткарата Демел, кој го има правото да ја продава тортата под има “Original Sacher Cake”. На крај војната ја добива хотелот, кој во 1888г. продал околу 1000 торти дневно.

Доколку некој би сакал да ја направи оригиналната Сахер торта, рецептот може да го најде на официјалната страна или да кликне на линкот подоле

https://www.sacher.com/en/original-sacher-torte/recipe/

Оваа торта можете да ја пробате во самот хотел Сахер, односно во еден од неговите ресторани/кафе барови. Особено убаво е да се посети за време на Божиќните празници, кога и цела Виена е прекрасно украсена со разновидни сијалички, новогодишни декорации, забава и музика во текот на целиот ден. Главно што не треба да се заборави е токму прекрасниот Божиќниот маркет.

За оние кои не биле во Виена за време на Божиќните маркети, а и оние кои веќе еднаш ја посетиле и се воодушевени од атмосферата, не ја пропуштајте оваа можност за посета на Виена за време на Божиќните денови . Се што ви е потребно е само еден клик на линкот и разглед низ нашата понуда

https://staff.mk/booking/8mi-dekemvri-viena2024/

 

 

Add a Comment

Your email address will not be published.