Златниот град во есен, вистинско време кога можете да уживате во порелаксиран одмор. Прага не залудно го носи епитетот на златен град, кој во есен го доживува својот полн сјај!
Златниот град е шармантен во текот на целата година, но во есен можете да ги искусите најубавите панорамски прошетки. Овој град е како богатство за откривање. Културно чудо со своите бројни музеи, галерии и историски места за посета. Одлично место како за попладневни прошетки, така и за вечерни забави, а зошто и вие да не уживате во нив оваа есен.

Листа на атракции кои мора да ги доживеете:
* Калето е една од најпосетените локации во златниот град. На негова територија е распослан Прашкиот замок, кој е еден од најголемите замоци во светот. (најголем според Гинисовата книга на рекорди). Овој замок датира од 9 век, но за неговиот денешен изглед се заслужни неговите проширувања кои датираат од 18 век. Замокот во себе содржи комплекс од куќи, а тука се наоѓа и катедралата Св. Витус како и базиликата на Св. Џорџ.
* Темелите на катедралата Св. Витус беа поставени во 1344 година, но поради војни и други проблеми била завршена во 1929 година. Нејзиниот оригинален изглед е дело на градежникот Питер Парлер, чие дело и ден денес се разликува и е доста познато кај туристите. Оваа катедрала е местото каде се погребани Боемските кралеви и Светиот римски император. Во ѕидовите на оваа катедрала под ропство на огромна порта со седум клучеви е заробена Круната Никита, чии реплики се изложени во замокот а оригиналот се изнесува само за посебни прилики.
* Фамозниот Карлов мост го поврзува Стариот град со Маилот град и замокот. Овој мост е изграден во периодот од 1357 година до 1841 година, во кое време бил и единствен мост во градот преку реката Влтава. На мостот се истакнати статуи на светци и кули на краевите. На левиот брег се наоѓа Таум мост кулата која е отворена за јавноста и има прекрасен изглед. Од другата страна пак е Стариот град. Овој мост е еден од најдобрите примери на Високата готска архитектура во Европа и е дизајниран од страна на Питер Парлер, односно господарот градител на катедралата Св. Витус.
* Место кое исто така ќе ве остави воодушевени е и убавиот Стар град на Прага. Прекрасни згради чија убавина е пропратена со уметност. Од листа на понудите овде со сигурност неможе да се изостави општинската куќа која е сместена во прекрасен дворец од 20 век и претставува културно место, или пак една од најстарите готски градби односно манастирот Св. Агнес. Во срцето на овој Стар град се наоѓа стариот градски плоштад кој мора да се види. Кој заедно со блискиот Wanceslas плоштад, се двата главни плоштади во Прага. Историјата на овој стар плоштад датира од 12-ти век во стил на пазарски центар. Прекрасната статуа во центарот е од верскиот реформатор Јан Хус, куќа која беше изгорена од темел во 1415 година. Она што не треба да го пропуштите е готската црква посветена на Пресвета Богородица како и старото градско собрание. Зад агол подолу се наоѓа и еден од мошне раскошните Асторномски часовници. Овој часовник беше парче од напредната технологија во 15 век.
* Старите еврејски горбишта се основани 1478 година, што воедно се и најстари зачувани еврејски гробишта во Европа. Овде се лоцирани над 12.000 гробови, со што се верува дека лежат моштите на 100.000 луѓе.
* Ѕидот посветен на легендарниот Џон Ленон. По неговото убиство на 8 декември 1980 година, Ленон стана херој за многу млади Чеси. Насликаната слика на ѕидот во изолираниот кварт наспроти Француската амбасада, заедно со политичките графити и лириката на Битлси претставува голема атракција за секој турист. И покрај големиот број варосувања ѕидот се “избори“ за денешно живеење. И денес како таков претставува симбол на глобални идеи на Мир и Љубов.