Овие Услови за користење се појавуваат на веб сајтовите и ги определуваат Вашите права и обврски во поврзувањето со поединечниот Сајт. Во ситуацијата веб страницата на туристичка агенција Стаф.
Вашето користење на Сајтот (или било кој дел од него) ја означува вашата согласност да бидете обврзани со овие Услови и Политика за заштита на податоци. што е овде вклучена со ова известување во овие Услови.
Овие Услови се обврзувачки правен договор помеѓу Вас и Туристичка агенција Стаф.
Ве молиме прочитајте ги внимателно пред да го користите Сајтот. Не го користите Сајтот доколку не се согласувате со некои од условите содржани во понатамошниот текст.
Услови за користење на нашата веб страна
Пристапот и употребата на нашите веб страни е бесплатен. Правото на користење на веб страните е Ваше. Туристичка агенција Стаф се оградува од секаква одговорност доколку дојде до губење на податоци при пренос на информации и прекин или привремена недостапност на нашите веб страни на Интернет.
Заштита на приватноста
Туристичка агенција Стаф ги користи Вашите податоци според Политиката за заштита на податоци. Нашата цел е користење за резервација, пренесување на трети лица со цел реализација на патувањето, со што се оградува од Политиката на заштита на податоци на тие трети лица соработници. Податоците се користат и за маркетинг цели, награди, промоции и слично. Доколку сметате дека неправилно се искористени Вашите податоци веднаш обратете се на info@staff.mk
Сопственост на содржините
Содржините на овој веб сајт се во сопственост на Туристичка агенција Стаф, освен оние кои се од соработници кои се нудат и продаваат во соработка со други тур оператори. Дел од фотографиите на оваа веб страна не се во сопственост на туристичка агенција Стаф, кои се користат во комерцијални цели, но по барање на авторот доколку не дозволува да останат објавени ќе бидат избришани од веб страната.
Ограничување на одговорноста
Туристичка агенција Стаф гарантира навремено ажурирање на податоците на страната, сите информации се сметаат за исправни, но при увид на грешка истата ќе се поправи. Агенцијата го задржува правото за промена на содржината без претходно известување. Правото на промена на програма, промена на термин за патување, цена, како и вид на сместување.
ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ
Со користењето на овие веб страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранети нелегални цели и дејствија.
КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА СТАФ
Туристичка агенција Стаф ја користи оваа веб страница за презентирање на својата понуда, програма за патување, блогови и вести интересни за корисниците како и информации за да се претстави генерално што работи и какви услуги нуди.
На оваа страница се нуди можност за електронска резервација на услуги и плаќање на истите. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш надзор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници или лажни резервации ќе Ви биде оневозможен пристап на нашата веб страница.
ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ
На веб страницата на туристичка агенција Стаф е овозможено електронска резервација и електронско плаќање, но се очекува да го потврдите слободното место и цената на тел 071 451-633 или на info@staff.mk пред да уплатите. Во ситуација кога нема да Ви се потврди слободно место, туристичка агенција Стаф се оградува од одговорноста. Заради можноста истовремено да се поклопат две уплати и резервации за иста услуга предност има тој што претходно на меил или телефонски ја потврдил резервацијата.