Хотел Marin Princess 5* – Кумбургаз

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители .Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Оваа тура е можност за уживање на море, но и посета на овој посебен град! Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град? Ве очекуваме на 071/451-633.

Хотел Marin Princess 5* – Кумбургаз 

ПРОМО ЦЕНИ од 145 ЕВРА до 20.05.2021

Информации и резервации на 02/2774 – 371 или 071/451-633

Хотел Marin Princess 5* – Кумбургаз

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во близина на Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, се протега на површина од 1892 хектари и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација.

Ден 1

ПРВ ДЕН

Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во 00:00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES кој има своја приватна плажа.

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

Ноќевање.

Ден 2

ВТОР ДО СЕДМИ ДЕН

Секој ден започнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

16:30- EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

Ден 3

ОСМИ ДЕН

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до 14:00ч. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

 

Сместување

Хотел Marin Princess 5* – Кумбургаз

Хотел Marin Princess 5* – Кумбургаз e  паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.

Поаѓање

Враќање Цена Промо цена
08.06.2021 15.06.2021 155е

14

15.06.2021

22.06.2021 155е 149е
22.06.2021 29.06.2021 165е

154е

29.06.2021

06.07.2021 175е 165е
06.07.2021 13.07.2021 185е

175е

13.07.2021

20.07.2021 199е 179е
20.07.2021 27.07.2021 199е

179е

27.07.2021

03.08.2021 199е 179е
03.08.2021 10.08.2021 199е

179е

10.08.2021

17.08.2021 199е 179е
17.08.2021 24.08.2021 199е

179е

24.08.2021

31.08.2021 182е 169е
31.08.2021 07.09.2021 173е

160е

07.09.2021

14.09.2021 162е 155е
14.09.2021 21.09.2021 152е

145е


ПОПУСТОТ ВАЖИ ДО 31.03.2021

Што е вклучено во цената

  • Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус
  • Туристички придружник за време на целиот престој
  • Бесплатни лежалки
  • Користење на 3 базени со солена вода(2 надворешни и еден внатрешен)
  • Користење на СПА( теретана, сауна, парна бања, турска бања)

Што не вклучено во цената

  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Доплата за сингл соба е 50%  од редовната цена
  • Дете 03-11,99 години плаќа 50% од редовната цена за возрасен
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.

 

Факултативни излети

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

 

ДЕВОЈАЧКА КУЛА (Kiz Kulesi).

Девојачката Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

 

УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девинатс кулата е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

 

НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.

Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми. „EMMAR AQUARIUM AND UNDERWATER ZOO“. Сосема ново аквариумско искуство ги чека своите посетители во Аквариумот Емаар и Подводната зоолошка градина. Аквариумот и подводната зоолошка градина, составена од 7 различни тематски делови, имено Главниот резервоар што вклучува Аквариум Тунел, како и Роки Брегови, еле риба галерија, шуми, реки и водопади, остров Пингвин и Кралство крокодил, живеат повеќе од 20,000 морски плодови животни и водоземци од 200 видови. Илјадници видови ајкули кои живеат во плитки води до гигантски пајаци ракови кои живеат во длабоки и ладни води на морињата.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

 

  • ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад) 65

Овие екскурзии се купуваат исклучиво како пакет по цена од 65 евра.

Другите хотели за Кумбургаз може да ги погледнете на овој ЛИНК

Хотел Marin Princess 5* - Кумбургаз  Хотел Marin Princess 5* - Кумбургаз   Хотел Marin Princess 5* - Кумбургаз Хотел Marin Princess 5* - Кумбургаз Хотел Marin Princess 5* - Кумбургаз     Хотел Marin Princess 5* - КумбургазХотел Marin Princess 5* - КумбургазХотел Marin Princess 5* - КумбургазХотел Marin Princess 5* - Кумбургаз