8МИ ДЕКЕМВРИ ВО МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-СИРМИОНЕ
Цена
159.00€
Траење
4 дена
За патувањето
Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетени земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 ЕВРА
ПРОМО ЦЕНА: 159 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 65 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Милано
- Посета на Сирмионе
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река и Велес
- Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.
Не е вклучено:
- Разглед на Милано со водич (15€)
- Посета на Лугано и Комо (40€)
- Крстарење по езерото Комо (15€)
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување 300 денари
- Разглед на Милано со водич (15€)
- Посета на Лугано и Комо (40€)
- Крстарење по езерото Комо (15€)
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување 300 денари
Програма
-
- Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30,поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
- Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо - катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање
- Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано - градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
- Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 11.12.2023 – понеделник
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
Популарни патувања
Луковска Бања за Водици
159.00€
Kуршумлијска бања за водици
169.00€
8МИ МАРТ КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
169.00€