8МИ ДЕКЕМВРИ ВО БЕЛГРАД И ЕТНО СЕЛО СТАНИШИЧИ
Цена
Траење
За патувањето
Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.
Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.
Етно село Станишичи
Место каде што се одмараат очите и душата, човекот станува поблагороден, но и помудар, слушајќи го чврчорењето на птиците, жуборот на потоците и работата на водениците.
На третиот километар од Бјелина кон мостот Павловиќ, во срцето на рамнината Сембер, на површина од 15 хектари, семејството Станишиќ го изградило Етно Село Станишиќи. Етно село Станишиќи е село со дваесетина автентични дрвени куќички, млекарница, воденица, ковач, штала за жито, стари куќи и голем гостински дом, кои се пренесени од селата во општина Вареш и селата од планините Звијезда и Романија, од соседните општини. Амбиентот на етно селото Станишиќи изгледа волшебно, како да не вади од сегашното забрзано време и да не враќа во минатото, да не враќа кај нашите предци и природата, предизвикувајќи восхит од едноставноста на некогашниот начин на живот
Зимска Бајка во Белград на вода
Секој парк во Белград на вода ќе биде претворен во магична зимска бајка – место за најубави празнични збиднувања, исполнети со убава храна и уште подобра музика.
Редовна цена на аранжманот 149 евра
Промо цена на аранжманот до 11.11/ 129 евра
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Автобуски превоз
- Посета на Белград со локален водич
- 2 ноќевања во хотел со 3* во Белград
- Посета на Зимска Бајка
- Посета на шопнг центар Галерија
Не е вклучено:
- Посета на Етно село Станишичи и ручек во ресторан Коноба Етно село Станишичи (40евра)
- Крстарење по Дунав со брод ( 20 евра )
- Туристичка такса ( 3 евра )
- Индивидуални трошоци
- Посета на Етно село Станишичи и ручек во ресторан Коноба Етно село Станишичи (40евра)
- Крстарење по Дунав со брод ( 20 евра )
- Туристичка такса ( 3 евра )
- Индивидуални трошоци
Програма
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.