21 Април Манастир Нимник и Тумане

Цена

Траење

За патувањето

Манастир Тумане се наоѓа на 120км од Белград и 9км од Голубац опкружен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиште. Голубац е местото каде насмевката на Дунав е најширока, токму пред влезот во теснецот кој меѓу напукнатите карпи ја изражал најголемата клисура во Европа, а Кошава ги разбива брановите на Дунав по ѕидовите на величествената тврдина.

Манастир Намник познат под името Маријански Манастир посветен на Св. Николај Мирликијски. Името веројатно потекнува од влашкиот збор “нимник” (непознат), по непознатиот гроб кој се наоѓа во црквата.

Сребрено езеро – се наоѓа на десниот брег на реката Дунав и претставува нејзино некогашно речно корито. Ќе имаме слободно време за уживање во убавиот поглед и слободно време за ручек и кафе

Цена: 1800мкд за возрасни, 1500мкд за деца

 

 

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Превоз до наведената релација
  • Посета на Манастир Нимник
  • Посета на Манастир Тумане
  • Посета на Сребрено езеро
  • Пратител за време на патувањето

Не е вклучено:

  • Осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Осигурување
  • Индивидуални трошоци

Програма

21 Април (недела) Собирање на групата во 23:30 Кочани (суд). Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Околу 8 часот се пристигнува во Манастир Нимник познат под името Маријански Манастир посветен на Св. Николај Мирликијски. Во 9:15 часот собирање на групата и поаѓање кон Манастир Тумане. Слободно време до 12:30ч за посета на манастирот, присуство на утринска литургија и поклонување пред моштите. Во 12:30 се собираме и се упатуваме кон Сребрено езеро каде ќе има слободни 1ч и 30мин за ручек, кафе и уживање во убавините на Сребрено езеро. Во 15:30 собирање на групата и поаѓање за Македонија. Предвидено време за пристигнување во Кочани е 23:00ч.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 3 ден пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Повеќе информации

Датуми

21.04.2024

Локација