8МИ ДЕКЕМВРИ ЗАГРЕБ

Цена

199.00

Траење

4 дена

За патувањето

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира Загреб во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 235 евра ПО ЛИЦЕ /14.570 мкд

ПРОМО ЦЕНА 199 eвра ПО ЛИЦЕ /12.338 мкд до 07.11

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3*, во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед со водич
  • Посета на шопинг ценатр Арена
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

Не е вклучено:

  • Факултативна посета на Љубљана
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Туристичка такса  по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Дете до 3години гратис (без легло)
  • Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 1860 ден за две ноќевања
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативна посета на Љубљана
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Туристичка такса  по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Дете до 3години гратис (без легло)
  • Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 1860 ден за две ноќевања
  • Индивидуални трошоци

Програма

Состанок со групата на паркингот пред хотел С.Ц. Борис Трајковски во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич,Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата,Камената порта, Хрватското народно собрание… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот со локален водич: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Ноќевање.

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Во попладневните часови, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 11.12.23

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

Повеќе информации

Датуми

07.12-10.12

Локација