ПРАГА
Снегулки расфрлани низ Карловот мост, нежна мелодија и бледа светлина од свеќите во црквите, подземни барови во романтичен стил кои нудат прекрасни црвени вина. Прага е импресивна дестинација за било кој период од годината. Стариот град заедно со раскошниот плоштад се само дел од работите што ќе ве натераат да се заљубите во овој град.
ДУБРОВНИК
Бегство во прекрасниот Хрватски град со прекрасно море и вистинска атмосфера за гламурозен романтичен одмор. Градските ѕидови исполнети со бутици и необични продавници за накит, украсени цветни кафулиња и мали барови сместени во своите приватни дупки и шуплини кои тотално го задоволуваат човековото око.
ВИЕНА
Кафе, колачи, необични торти кои ја даваат можноста да го трошите времето со своите сакани во некои од кафулињата во Виена. Овој прекрасен град ја прави револуцијата во љубовта, па затоа и вреди да се посети токму во февруари.
ПАРИЗ
Романтични прошетки, прекрасни ресторани, незаборавни моменти на кои ќе се сеќавате секогаш доколку го посетите овој град. Со својот филмски декор и вечниот шарм Париз го привлекува секој човек.
ЛОНДОН
Лондон е град за сите вљубени. Град со идеален микс на култура, историја и љубов кој секогаш го обезбедува едно од најдобрите романтични бегства.
ФИРЕНЦА
Историски центар кој содржи ткиво со богатство на ремек-дела што го отежнува изборот на најдобро уметничко дело. Средновековен љубовен град кој вреди да се посети .
САНТОРИНИ
Романтичен одмор со прекрасна чиста морска вода со активен вулкан во неговата средина. Сон кој секој сака да го осети. Санторини е прекрасно место со прекрасно романтично искуство на зајдисонце, во кое сигурно ќе уживате.
БУДИМПЕШТА
Со замок во позадина на првиот изграден мост на унгарскиот главен град, а сега прекрасен споменик кој го подарува фасцинантниот спектакл кој привлекува голем број туристи. Град со прекрасни стари споменици и мостови кој ја отсликуваат историјата на Будимпешта, а реката Дунав тече како дополнителна убавина која го декорира цел град со прекрасна хармонија од љубов.