Вила Цимбукас – Неа Флогита

Неа Флогита е прекрасно место кое лежи на западниот брег на Халкидики, на само 50 км. од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, која е одделена од градот со прекрасен парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистрото море. Местото пружа фантастичен поглед  на заливот Термиакос и при ведро време, на планината Олимп. Во последните 10 години Флогита се преобратува во вистинско монденско место омилено како од младите така и од повозрасните генерации.

Вила Цимбукас – Неа Флогита

10% попуст за резервација и целосна уплата до 11.03.23

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:133 денови
  • ДАТУМИ : Мај 21 - Окт 01
    • Вила:Цимбукас
  • ЦЕНА :

    129,00593,00

Исчисти
број на апартмани

Вила  „Цимбукас“ е лоцирана на извонредно мирна и тивка локација, помеѓу приватни куќи на почетокот на Неа Флогита. Оддалечена е околу 250 метри максимум од песочната плажа. Има сопствен затворен паркинг, голем убаво уреден зелен двор со ѕидана скара. Располагаме со 4  мезонети за 4 лица од вкупно 8 во вилата, кои на приземјето имааат два одвоени кревета и комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, а на спратот брачен – француски кревет. Исклучително квалитетно уредена, во комбинација на модерен и традиционален стил, дрво и камен. Пред секоја од мезонетите има голем трем – тераса. Куќата е една од најквалитетните воопшто во понудата на нашиот пазар која сигурно ќе ги задоволи вкусовите и на најпробирливите патници. Изградена е целосно во лето 2019 година. Интернетот и климата се вклучени во цената.

Вонсезонски цени за термините  (21.05, 28.05, 04.06, 11.06, 18,06, 25.06 , 03.09, 10.09, 17.09,  24.09) се однесуваат  по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот

Сезонските цени (02.07, 09.07, 16.07, 23.07, 30.07, 06.08, 13.08, 20.08,27,08) се однесуваат за наем на студио или апартман за 2,3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста

За превоз се доплаќа 45 евра возрасен и дете до 12 години 35 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

Напомени и услови:

  • Во мезонетот дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по мезонет.
  • Цените објавени се конечни, без скриени трошоци. Стаф Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во било кој објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Исчисти
број на апартмани

ВИДЕО