Вила Спирос – Лефкада Агиос Никитас

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.

Вила Спирос

 

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:121 денови
  • ДАТУМИ : Јун 29 - Окт 28
    • Вила:Спирос
  • ЦЕНА :

    249,00439,00

Исчисти

Вилата Спирос e во Агиос Никитас, идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море во близина на некои од најубавите плажи во Европа. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани.
Вила Spiros се наоѓа на 300 метри од плажата, на почетокот на Аг.Никитас (види мапа) во нејзина близина се наоѓа продавница на 100 м, rent a car и rent a bike на 100 м, централната пешачка уличка се наоѓа на 100 м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири. Вилата е на 300 метри одалечена од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија  опремени во традиционален  стил: телевизор, клима 5 Еур/ден , кујна,  купатило и тераса . Сите студија излегуваат на поврзана  тераса  со делумен поглед на море. ЕКО студијата се наоѓаат на приземје и се со помала квадратура од стандардните студија, опремени стандардно со тоалет, клима, ТВ и кујна.. НАПОМЕНА: Студијата заради ограниченоста на просторот, се со типичен традиционален изглед,  скромен квалитет и мала комфорност.

GPS 38.7885431469174, 20.613378051575378

Цените се за НАЕМ на СОБА за 8 дена 7 ноќевања

За превоз се доплаќа 60 евра возрасен и дете до 12 години 50 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

НАПОМЕНИ:

  • На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
  • Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
  • Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
  • Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот 0,5 € по соба на ден.
  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
  • Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената
Исчисти

ВИДЕО