Вила Мариа Пашалиду – Неа Рода

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено… Скриена во преубавиот залив Akanthiosво непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата  VoulitsaАтрактивната песочна плажа  ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

ВИЛА МАРИА ПАШАЛИДУ- НЕА РОДА

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:120 денови
  • ДАТУМИ : Мај 26 - Сеп 23
    • Вила:Мариа Пашалиду
  • ЦЕНА :

    280,00700,00

Исчисти

Вила Мариа Пашалиду – Неа Рода

Вилата е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и еден петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Цените се наменети за 10 ноќевања за наем на студио или  апартман за Вила Мариа Пашалиду – Неа Рода

За превоз се доплаќа 40 евра возрасен и дете до 12 години 35 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

Туристичката такса се плаќа во агенција 0,5 од ноќ од соба, за да платите кликнете ОВДЕ!

Ковид политика:

Т.А Стаф, гарантира поврат на уплатени средства во случај:

  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Затварање на граници
Напомена:
  • Цените  се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
  • Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

 

Исчисти

ВИДЕО