Вила Мариа – Јерисос

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која се простира до бесконечност па можете да шетате неколку километри пред да Ви исчезне песокот од под стапалата.На плажата која има Сино Знаме за чистота мноштвото дрвја им прават природна ладовина на туристите, а жедта од сонцето можете да ја угасите во неколкуте барови кои се распослани во линија на морскиот брег. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум.

ВИЛА МАРИА – ЈЕРИСОС

-7% ПОПУСТ ДО 28.02.2023

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:120 денови
  • ДАТУМИ : Мај 24 - Сеп 21
    • Вила:Мариа
  • ЦЕНА :

    150,00700,00

Исчисти

Вила Мариа – Јерисос се наоѓа на само 80 метри од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

Цените се наменети за 5, 7 или 10 ноќевања за наем на студио или  апартман за Вила Мариа- Јерисос

За превоз се доплаќа 45 евра возрасен и дете до 12 години 35 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

Туристичката такса се плаќа во агенција 0,5 од ноќ од соба, за да платите кликнете ОВДЕ!

Напомена:
  • Цените се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Јерисос
  • Цена на повратен билет –45 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-35 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
  • Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

Оцениле

Нема осврт.

Биди првиот што ќе сподели “Вила Мариа – Јерисос”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Исчисти

ВИДЕО