Вила LITCA 2 – Неа Флогита

НЕА ФЛОГИТА, туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува градот Неа Мудања, еден од најголемите градови во областа Халкидики.

ВИЛА ЛИЦА 2 – НЕА ФЛОГИТА

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:126 денови
  • ДАТУМИ : Мај 21 - Сеп 24
    • Вила:Лица 2
  • ЦЕНА :

    130,00590,00

Исчисти

Вила LITCA-2 е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел Корфу, и на околу 50 м. од плажата. Располага со четворокреветни апартмани и трокреветни студиа, пространи, модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространи тераси.

Цените се однесуваат за наем на студио / апарман за 7 ноќевања

Цена за превоз:

  •  Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35
  • деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €.
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

НАПОМЕНА

  • Термините се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
  • За возрасни 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра) 
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Туристичка такса 0,5 евра на ден се плаќа во вилата
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СТАФ ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.
Исчисти

ВИДЕО