ВИЛА ЈУЛИАНОС
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата.
Располага со студија за 2 лица и еден апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални)
Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви), посебна спална и тераса.
Вилата ја работиме 10 години и има само позитивни критики, гостопримливи домаќини кои се тука за се што ви треба.
ЦЕНАТА СЕ ОДНЕСУВА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН
Што е вклучено во цената
ПЛАН И ПРОГРАМА
Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос.
Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.
Во наредните 7 дена предвидени се факултативни посети на Град Крф, Тура Север, Плажа Глифада, Крстарње со брод и крстарње до Паксос и Антипаксос.
За посета на овие факултативни излети програмата ја добивате од нашиот локален водич првиот ден од кога ќе пристигнете на островот.
Одјавување од собите до 09:00 часот по локално време. Слободно време за индивидуална прошетка во Ипсос. Предвидено поаѓање кон Македонија во предпладневните часови.
Факултативни излети
Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до касиопи најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.
Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.
СМЕСТУВАЊЕ ОПИС И СЛИКИ ОД ВИЛИТЕ
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата со многу гостопримливи домаќини Вила која ја работиме веќе 9то лето и од која имаме само пофалби.
Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални).
Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Вилата има wifi, телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден).