ВИЛА ХРИСТО – НЕИ ПОРИ ЛЕТО 2023

Неи Пори се наоѓа јужно од Платамона, на самиот крај од Пиериа, а го карактеризираат убаво уредениот песочен брег и топлата и бистра вода, широките улици, уредените плоштади и бројните игралишта за деца. Ова место нуди голем избор на свежа риба, убави таверни и одлична забава во локалните барови. Сликовитото летувалиште Неи Пори практично лежи во сенката на планината Олимп, а она што го краси е долга и широка, песочна плажа и топло и чисто море со постепен влез, па е особено барано, како дестинација, од семејствата со мали деца. Неи Пори во превод значи “Ново Место” , а изградено е во 70тите години на минатиот век и е градено по урбанистичките планови. Улиците се широки со пространи плоштади. Жителите воглавно се занимаваат со туризам. Во местото има и црква, основно училиште, културен центар, две фудбалски игралишта, амбуланта, како и голем број на апартмани и хотели, како и забавен парк. Пазарен ден е петок. Вода од водоводот се конзумира бидејќи извира на Олимп.

ВИЛА ХРИСТО – НЕИ ПОРИ

12% попуст за резервација и целосна уплата до 25.02.2023

 

SHARE
  • Траење:126 денови
  • ДАТУМИ : Мај 21 - Сеп 24
    • Вила:Христо
  • ЦЕНА :

    105,00554,00

Исчисти

ВИЛА ХРИСТОС се наоѓа на 80 метри од плажа. Распoлага со трокреветни студија и петокреветни / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани сите лоцирани на први кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Сместувањето е Б категорија. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет. Дуплекс апартман – со три простории, една спална со два брачни кревети, втора спална со брачен и единечен кревет и посебно кујна.

Цените се наменети за 7 ноќевања за наем на апартман

За превоз се доплаќа 45 евра возрасен и дете до 12 години 35 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Термините се денови на започнување на аранжманот.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

Исчисти