Вила Џули 1 – Јерисос Лето 2023

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која се простира до бесконечност па можете да шетате неколку километри пред да Ви исчезне песокот од под стапалата.На плажата која има Сино Знаме за чистота мноштвото дрвја им прават природна ладовина на туристите, а жедта од сонцето можете да ја угасите во неколкуте барови кои се распослани во линија на морскиот брег. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум.

Вила Џули 1 – Јерисос

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:119 денови
  • ДАТУМИ : Мај 28 - Сеп 24
    • Вила :Џули 1
  • ЦЕНА :

    59,00629,00

Исчисти
Број на лица

 Вила Џули 1 се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 2 капацитети се во нашата понуда и се на 1-ви кат)

Дуплекс апартман број 1 (1/5) – простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.
Апартман број 2 (1/5) –  1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.
Апартманите се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

Напомени и услови:
Цените за термините од 25.05 до 02.07 и од 03.09 – 24.09 се однесуваат по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз, за сопствен превоз се намалува 10 евра по лице. Во 1/3+1 апп плаќаат минимум 2 лица, а во 1/6 апп плаќаат минимум 3 лица а другите плаќаат само автобуски превоз доколку користат.

Цените за темините од 02.07-03.09 се однесуваат за наем на аппартман.

За превоз се доплаќа 50 евра возрасен и дете до 12 години 40 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

Напомени и услови:

  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините  се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  •  Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Исчисти
Број на лица

ВИДЕО