Вила Билис се наоѓа во Јерисос на само 30 метри од песочна плажа, на самиот почеток од главното шеталиште, над локалот Streat спроти кафе бар Theatro. Вилата располага со апартмани и дуплекс апартман Користење на интернет и клима уред се вклучени во цената. Има паркинг на 15 метри од вилата во правец на плажата.
Апартман број 1 – 1/4+1 се наоѓа на прв кат со директен поглед на море, голема тераса опремена со маса и столчиња. Апартманот е простран и има брачен кревет и еден стандарден кревет во спалната и софа плус кревет на извлекување во кујна. Опремен е со сите потребни елементи, голем фрижидер, шпорет маса и столови.. Од двете соби се излегува на тераса.. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 2- 1/6+1 се наоѓа на прв кат со поглед на улица од една голема тераса од кујната, а има и друга тераса од спална со страничен поглед на море. Има еден брачен и еден стандарден кревет во спална и две софи на извлекување во кујна. Опремен е со сите потребни елементи, голем фрижидер, шпорет маса и столови.. Од двете соби се излегува на тераса.. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Цените за термините од 25.05 до 02.07 и од 03.09 – 24.09 се однесуваат по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз, за сопствен превоз се намалува 10 евра по лице. Во 1/3+1 апп плаќаат минимум 2 лица, а во 1/6 апп плаќаат минимум 3 лица а другите плаќаат само автобуски превоз доколку користат.
Цените за темините од 02.07-03.09 се однесуваат за наем на аппартман.
За превоз се доплаќа 50 евра возрасен и дете до 12 години 40 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!
Напомени и услови:
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.