Куќа “Atina” се наоѓа на добра местоположба, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото.
Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студија кои се наоѓаат на прв кат. Куќата е нова градба, за најпробирливи патници и сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг околу вилата.
Студио број 1 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, стандарден кревет и софа.
Студио број 2 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, стандарден кревет и софа.
Студио број 4 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса (страничен поглед море), целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.
Цените за термините од 25.05 до 02.07 и од 03.09 – 24.09 се однесуваат по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз, за сопствен превоз се намалува 10 евра по лице. Во 1/3+1 апп плаќаат минимум 2 лица, а во 1/6 апп плаќаат минимум 3 лица а другите плаќаат само автобуски превоз доколку користат.
Цените за темините од 02.07-03.09 се однесуваат за наем на аппартман.
За термините 28/05-04/06; 04/06-11/06; 11/06-18/06; 25/06-02/07-НЕМА МЕСТА
За превоз се доплаќа 50 евра возрасен и дете до 12 години 40 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!
Напомени и услови:
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.