ВИЛА АМЕЛИЈА – НЕИ ПОРИ ЛЕТО 2023

Неи Пори се наоѓа јужно од Платамона, на самиот крај од Пиериа, а го карактеризираат убаво уредениот песочен брег и топлата и бистра вода, широките улици, уредените плоштади и бројните игралишта за деца. Ова место нуди голем избор на свежа риба, убави таверни и одлична забава во локалните барови. Сликовитото летувалиште Неи Пори практично лежи во сенката на планината Олимп, а она што го краси е долга и широка, песочна плажа и топло и чисто море со постепен влез, па е особено барано, како дестинација, од семејствата со мали деца. Неи Пори во превод значи “Ново Место” , а изградено е во 70тите години на минатиот век и е градено по урбанистичките планови. Улиците се широки со пространи плоштади. Жителите воглавно се занимаваат со туризам. Во местото има и црква, основно училиште, културен центар, две фудбалски игралишта, амбуланта, како и голем број на апартмани и хотели, како и забавен парк. Пазарен ден е петок. Вода од водоводот се конзумира бидејќи извира на Олимп.

ВИЛА АМЕЛИЈА – НЕИ ПОРИ

 

 

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:126 денови
  • ДАТУМИ : Мај 21 - Сеп 24
    • Вила:Амелија
  • ЦЕНА :

    150,00630,00

Исчисти

 

ВИЛА АМЕЛИЈА се наоѓа на 80 метри од плажа. Распoлага со трикреветни студија и петокреветни дуплекс апартмани. Секоја соба има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа) и Wi-Fi.

Вилата нема крпи

Координати: 39.97852607071653, 22.646917081864757

Цените се наменети за 7 ноќевања за наем на апартман за Вила Амелија.
За превоз се доплаќа 45 евра возрасен и дете до 12 години 35 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

бр.101– дуплекс апартман со две спални соби. Секоја спална има 1 дупли и еден единечен кревет. Се наоѓа на приземје.
бр.203– 1/3 студио со два грчки француски кревета, поглед кон заден двор и градина. Се наоѓа на 1 кат.
бр.204– д
уплекс апартман со две спални соби. Едната спална соба има два единечни кревета, а другата спална има два грчки француски кревета. Големо купатило, мала кујна. Поглед кон заден двор-градина и страничен поглед море. Се наоѓа на 1 кат.
бр.205– дуплекс апартман со две спални соби. Едната спална има еден грчки француски кревет и еден единечен кревет, другата спална има еден француски кревет. Поглед кон задна страна-градина. Се наоѓа на 1 кат.
бр.305– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед море. Се наоѓа на 2 кат.
бр.306– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед море. Се наоѓа на 2 кат.
бр.307– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади и море. Се наоѓа на 2 кат.
бр.308– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади. Се наоѓа на 2 кат.
бр.309– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади. Се наоѓа на 2 кат.
бр.310– 1/3 студио со еден дупли и еден единечен кревет. Поглед позади. Се наоѓа на 2 кат.

НАПОМЕНИ:

  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Термините се денови на започнување на аранжманот.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

Исчисти