СОКО БАЊА 23 ОКТОМВРИ

Oпуштање и уживање во Сокобањските природни убавини и богатства, со незаборавна забава на неповторливите прослави со секогаш насмеаните и внимателни домаќини подготвени дополнително да ја подигнат атмосферата

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Соко Бања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

Цена на аранжманот 109 евра

ПРОМО ЦЕНА 99 ЕВРА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.09.2022

SHARE
  • Дестинација:Србија
  • Траење:2 денови
  • ДАТУМИ : Окт 22 - Окт 24
    • Хотел:Бањица 3*
  • ЦЕНА :

    99,00

Исчисти
Број на лица

Цената на аранжманот вклучува:

*Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

*2 ноќевања со појадок, ручек и вечера

*Разглед на центарот на Сокобања со локален водич

*Пешачка тура Сокобања, Лептерија и Сокоград

*Организација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

*Здраствено и патничко осигурување (200мкд)

*Индивидуални трошоци (групна влезница за во термалните бањи 600динари)

Попусти и доплати:

– Деца од 2-12год. – 1,000 мкд попуст од редовната цена;

Напомена:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Стаф
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

•Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

• За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

ПЛАН И ПРОГРАМА

Состанок на групата на паркингот на ВИП Хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

Пристигнување во Сокобања. Сместување во Хотел Бањица, кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до цантарот. Краток одмор, по што заминуваме на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..).

Слободно време. Вечера.

Ноќевање.

Појадок. Во 10.00час, заминуваме на организирана пешачка тура со локален водич, до излетничкото место Лептерија и Сокоград, кружна тура која трае околу1.5час.

Враќање во хотел. Ручек.

Слободено попладне за одмор или индивидуална посета и релаксација во термаклните базени на Соко Терме.

Вечера. Ноќевање.

Поајадок. Во 10.00час одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активности.

Во 13.00час. ручек и во 14.00час поаѓање кон Македонија.

Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Исчисти
Број на лица