РИМ 11.12-14.12.2022

Рим е еден од најатрактивните и најпосетуваните европски дестинации. Овој културно-историски центар на Италија и Европа уште го нарекуваат “Вечниот град” или “Градот на седум брда”. Стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство. Не пропуштајте ја посетата на Ватикан, на Колосеумот, Црквата Св. Петар, Шпанските скали, Виа Венето и секако фрлете паричка во фонтаната Ди Треви со желба повторно да дојдете во овој град кој ќе ви остане во незаборавно сеќавање.

Цена од: 199 еур 

SHARE
  • Траење:3 денови
  • ДАТУМИ : Дек 11 - Дек 14
    • Хотел:3*
  • ЦЕНА :

    199,00

Во цената е вклучено:

-Авионски превоз Скопје-Рим-Скопје со Wizz Air

-Аеродромски такси

-Бесплатна рачна торба до 8кг со димензии (40x30x20 cm)

-Хотел со 3* -услуга 3 ноќевања со појадок(Предлог хотел Donatello 3* на 2км од центарот, во близина на Термини)

Во цената не е вклучено:

-Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 7 еур шатл бус; 50 еур такси)

-Патничко осигурување

-Туристичка такса 3 еур на ден по лице (информативно-се плаќа во хотел)

Летови:

Скопје-Рим 13:55-15:40

Рим-Скопје 21:35-23:20

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

Предлог програма:

Пристигнување во Рим во вечерните часови. Ви препорачуваме прошетка до Пјаца Република. Ноќевање.

Ви препорачуваме прошета по Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви, Пјаца Венеција, Колосеумот, Виа Национале.

Посетете го Ватикан со Ватиканските музеи, Систинската палата и црквата Св.петар. Прошетка до Castel di Angelo или Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Пјаца Нова позната коко уметничка четврт на Рим. Вечерта ви предлагаме вечера во национален ресторан во квартот Трастевере.

Слободно време за шопинг. Приватен трансфер до аеродром. Ви препорачуваме да бидете на аеродромот два и пол часа пред поаѓање.