ПОПОВА КУЛА – Викенд дестинација

Попова Кула Македонија

Околината на Винаријата Попова Кула ви нуди можност да уживате во една поразлична приказна.

Покрај тоа што имате можност да научете нешто повеќе за душата и аромите на виното,имате можност и да се поврзете со недопрената природа во околината.

Цени по соба на ден со појадок+дегустација (Цените важат до 31.12.2022)

SHARE
  • Дестинација:Македонија
  • Траење:91 денови
  • ДАТУМИ : Ное 01 - Јан 31
    • Винарска Визба Попова Кула:
  • ЦЕНА :

    59,00210,00

Исчисти
Број на ноќевања
Цената е по соба од ноќ

Дополнителни услови

Деца до 6.99 год. -бесплатно

Деца од 7-12.99 год.- доплата 10 евра на ден

Деца од 13-18 год.- доплата 15 евра на ден

Над 18 год.- доплата од 20 евра на ден

ДОПЛАТА ЗА ПОЛУПАНСИОН

Ручек со салата, главно јадење и десерт по наша препорака -15 евра по лице на ден (не е вклучен пијалок).

 

Одберете дегустација и прошетка по свој вкус

Основна дегустација
Дегустација на пет различни вина со пршут и сирења и десерт
Цената на оваа дегустација е 15евра

Традиционалнамакедонска дегустација
Порцијапршут исирење
Демиркаписка тава
(сарми, полнетатиквичка,пиперка со урда, т.гравче, пинџур, модар
патлиџан)
ДесертРаванија
ЧашаЖилавка, ЧашаСтанушина Класик,
ЧашаВранец ПерфектЧоис,ЧашаМускат Отонел

Цената на оваа дегустација е 19евра

Дегустација Капрезе

Салата со домати,козјо сирење и босилок
Чаша Алтан
Свинско печење во сос од модри сливи
Чаша Вранец Перфект Чоис
Порција специјални сирења
Чаша Станушина Класик
Црна алва
Чаша Совињон Бланк
Цената на оваа дегустација е 26евра

Дегустација од срцето на регионот

Македонска салата
Чаша Алтан
Филе од пастрмка
Чаша Жилавка
Јагнешко печење
Чаша Вранец Перфект чоис
Порција специјални сирења
Чаша Станушина Класик
Раванија
Чаша Мускат Отонел
Цената на оваа дегустација е 39евра

Дегустација за вистински гастрономи
Демиркапијска сезонска салата
Чаша Станушина Розе
Филе од пастрмка
Чаша Жилавка
Телешки бифтек во сос од Вранец
Порција специјални сирења
Чаша Станушина Класик
Трилогија
Чаша Мускат Отонел
Цената на оваа дегустација е 50евра

Дегустација бр.1
Сезонска салата
( зелка, цвекло, тиквици, домати ,краставица)
Чаша Алтан
Свинско печење во сос од модри сливи
Чаша Каберне Совињон Перфект Чоис
Баклава
Чаша Мускат Отонел

Цената на оваа дегустација е 20евра

Дегустација бр.2
Цезар салата
(марула , пилешки стек, пармезан)
ЧашаЖилавка
Тестенини ( со неутрална павлака, буковка и праз)
ЧашаШардоне Барик
Торта од сирење (Cheese cake)
ЧашаМускат Отонел

Цената на оваа дегустација е 20евра

РЕКА ДОШНИЦА

Една од најчистите реки во околината,богата со вкусна пастрмка Од нејзиниот извор што се наоѓа околу 20 км јужно-југозападно од Демир Капија под највисокиот врв на Кожуф Планина, па сé до  Демир Капија нема населби или населени места. Пред да се влее во р. Вардар кај Демиркаписката Клисура, р. Дошница минува низ низините на демиркаписката долина сокриена од старата шума што расте долж нејзиното течение. Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато.

ДОЛИНА НА КАКТУСИ

Долините на кактусите се дел од многуте креации на природата која несебично и ги дарила. Иако е добро познато дека кактусот е растение кое расте во пустинските делови на Мексико и САД, во Македонија како необичен природен феномен е пронајден на неколку места. Особено е впечатлива Долината на кактусите која се наоѓа во близина на напуштеното село Клисура, на околу 5 км јужно од градот Демир Капија. На јужната падина на висорамнината Краставец, еден посебен вид на џуџест кактус, кој како форма е многу редок, успеал да се прилагоди на тамошните природни климатски услови и да опстане, благодарејќи на влијанието на медитеранската клима од Егејот.

 

КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ

Демир Капија е едно од најдобрите места во Македонија за качување, планинарење, пешачење, риболов и други активности на отворено.

Има 16 сектори за спортско искачување, повеќе од 200 правци имаат различна категорија на потешкотии.Многу карпи се наоѓаат во близина на патиштата и инфраструктурата, што овозможува брз пристап до повеќето од качувачките сектори; повеќето од нив се погодни за почетници и групи со деца. Повеќето од карпите се варовнички, но еден час оддалечени се и песочник и гранитни карпи за искачување, планинарење и касарење.

 

ТВРДИНА “ПРОСЕК”

Старата градска населба, што се наоѓала на овие простори, имала посебно значајна стратегиска и воена позиција во минатите епохи. На ова упатува и присуството на цел систем на утврдувања на камените масиви од двете страни на Вардар, меѓу кои најистакнати се Марков Град и Кале-Стрезов Град од левата страна и Рамниште од десната страна на реката. Од сите нив се зачувани остатоци од бедеми. Внатрешната тврдина-акрополот на Марков Град, е изградена од големи квадери од варовник, без малтер. Наодите од керамика од класичното и хеленистичкото време и неколкуте хеленистички монети укажуваат дека таа била користена многу векови пред римската доминација. Освен историја на дофат имате и прекрасна панорама.

 

ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ

Инспирирани од прекрасната живописна природа, маркирани се десет велосипедски патеки во околината на Демир Капија за проширување на велосипедизмот во Македонија.

На патот ќе ве пресретнат:водопади, карпи, дива природа, лозја, овоштарници, историски објекти.

 

ТОПЛИ ВИРОВИ НА РЕКАТА “ДОШНИЦА”

Вистинско скриено богатство за посетителите – освежете се и сплотете се со природата. Пред самиот влез на р. Дошница во демиркаписката долина, реката има формирано природни вирови погодни за освежување. Водата во вировите  летно време е затоплена од сонцето, но и од акумулираната топлина од карпите коишто ги опкружуваат.

Оцениле

Нема осврт.

Биди првиот што ќе сподели “ПОПОВА КУЛА – Викенд дестинација”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Исчисти
Број на ноќевања

ВИДЕО