Неа Флогита – Вила Мариа

НЕА ФЛОГИТА, туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува градот Неа Мудања, еден од најголемите градови во областа Халкидики.

ВИЛА МАРИА – НЕА ФЛОГИТА

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:126 денови
  • ДАТУМИ : Мај 21 - Сеп 24
    • Вила:Мариа
  • ЦЕНА :

    100,00480,00

Исчисти

Вила Мариа се наоѓа во Неа Флогита, во помирниот дел од населбата. Таа е одалечена околу 280 метри од плажа. Таа располага со апартмани коишто се наоѓаат на приземје. Апартманите располагаат со преградени тераси кои се опремени со надворешна маса и столови. Апартманите се опремени со соба со кујна во која се наоѓа кревет на пуштање за две лица и спална соба со брачен кревет. Климата се наоѓа во кујната соба и е вклучена во цена. Кујната е опремена со рерна и со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

Цените се однесуваат за наем на студио / апарман за 7 ноќевања

За превоз се доплаќа 40 евра возрасен и дете до 12 години 30 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

 Ковид политика:

Т.А Стаф, гарантира поврат на уплатени средства во случај:

  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Затварање на граници

НАПОМЕНА:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 10% попуст на вториот термин
  • Доплата на туристичка такса -0.5  за апартман од ноќ (се плаќа во Агенција)
  • Користењето на клима-уред, WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО .

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

    • За возрасни 2.480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра) 
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СТАФ ТРАВЕЛ“ и на самата агенција. 

Оцениле

Нема осврт.

Биди првиот што ќе сподели “Неа Флогита – Вила Мариа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Исчисти

ВИДЕО