МИЛАНО 11.12-14.12.2022

Милано е современ град со бурна историја и стари градби, центар на светската мода. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истовремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера” и најпознатата оперска куќа “La Scala”.

Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена или во некој од ноќните клубови.

Цена од: 199 еур 

SHARE
  • Траење:53 денови
  • ДАТУМИ : Окт 08 - Ное 30
    • Хотел :3*
  • ЦЕНА :

    199,00

Во цената е вклучено:

-Авионски превоз Скопје-Милано-Скопје со Wizz Air

-Аеродромски такси

-Бесплатна рачна торба до 8кг со димензии (40x30x20 cm)

-Хотел со 3* -услуга 3 ноќевања со појадок

(Предлог хотел ibis Milano Ca Granda на 6км од центарот) https://all.accor.com/hotel/1135/index.en.shtml?utm_campaign=seo+maps&utm_medium=seo+maps&utm_source=google+Maps

Во цената не е вклучено:

-Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 8 еур шатл бус; 60 еур такси)

-Патничко осигурување

-Туристичка такса 3 еур на ден по лице (се плаќа во хотел)

Летови:

Скопје-Милано Малпенса 19:00-21:10

Милано Малпенса -Скопје 23:10-01:10

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

Предлог програма:

Препорачуваме разглед на градот-замокот Сфорца, некогашната резиденција на миланските војводи, плоштадот Дуомо и катедралата Дуомо, најголемата катедрала во Италија и петта по големина во свет, Galleria Vittorio Emanuele ,Миланската скала.

Посета на црквата “Santa Maria della Grazzie”, во чија близина се наоѓа едно од ремек делата на Леонардо Да Винчи-“Последната вечера”. Предлагаме прошетка по каналот “Navigli”, а вечерта вклучете се во една од ноќните тури за разглед на градот.

Ден предвиден за најпознатиот шопинг. Во самиот центар на Милано до катедралата Дуомо, се наоѓа познатиот трговски центар Galleria Vittorio Emanuele II, потоа низ златниот четврт улиците Via Montenapoleone, Via Gesu, Via St.Andrea и Via Santo Spirito, да завршите кај улиците Corso Venezia и Corso Buenos Aires.

Слободно време. Приватен трансфер до аеродромот Малпенса. Ви препорачуваме да бидете на аеродромот два часа пред поаѓање.