КОРАБ ТРНИЦА – МАВРОВО

Кораб Трница – Маврово, во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар. Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во  апартмани, соби  и бунгалови  со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци. Посебен акцент ставаме на нашиот ресторан Кораб Трница во кои гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава.

SHARE
  • Дестинација:Македонија
  • Траење:60 денови
  • ДАТУМИ : Sep 01 - Oct 31
    • Хотел:Кораб Трница
  • ЦЕНА :

    23,0067,00

Clear

Цените се изразени во денари, за наем на соба на ден

  • Појадок чини 200 денари по лице
  • Ручек/ вечера чини 450 ден по лице.
  • И истите се плаќаат на лице место
  • За деца до 8 години сите оброци се бесплатни.
  • За деца до 12 години сите оброци се на 50% попуст.
  • Туристичка такса се доплаќа на рецепција

 

 

Оцениле

Нема осврт.

Биди првиот што ќе сподели “КОРАБ ТРНИЦА – МАВРОВО”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Clear