Хотел Marin Princess 5* – Кумбургаз Лето 2022

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море на околу 60 километри од центарот на Истанбул и се протега на површина од 1892 хектари со крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

ХОТЕЛ  Marin Princess 5* – КУМБУРГАЗ

 ЦЕНИ ОД  169 ЕВРА 

SHARE
  • Дестинација:Турција
  • Траење:112 денови
  • ДАТУМИ : Јун 07 - Сеп 27
    • Хотел :Marin Princes 5*
    • Храна:Појадок
    • Превоз :Автобуски
  • ЦЕНА :

    169,00229,00

Исчисти
број на лица

Хотел Marin Princess 5*

Хотелот Marin Princess се наоѓа на самата обала на Мраморно море и е еден од најпродаваните хотели за лето 2021 година.
Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи и фитнес сала.

Собите во хотелот Marin Princess имаат сателитска ТВ и работна маса, а дел од нив и простор за седење. За децата има мини базен и тобоган.

Цените се дадени за пакет аранжман по лице 

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања со појадок
  • Автобуски превоз
  • Бесплатни лежалки
  • Користење на 2 базени со солена вода
  • Користење Wi-Fi во лоби на хотел
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(Дреново), Прилеп, Битола и Струга

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Туристичка такса од 0.5€ на ден по лице
  • Факултативни излети

Ковид политика:

Т.А Стаф, гарантира поврат на уплатени средства во случај:

  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Затварање на граници

Напомена:

Седиштата во автобус се нумерирани.

Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

 

 

ПЛАН И ПРОГРАМА

Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните денови.

Пристигнување во хотел во утринските часови и слободно време за користење на сите капацитети на хотелот до влезот во собите околу 14 часот. Слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз

Ноќевање.

Секој ден започнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР,УСКУДАР, EMAAR SQUERE MALL И ТАКСИМ.

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови наредниот ден.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  Босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува едно од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.

Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Оваа локација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај На Истикал се наоѓаат  познатите дискотеки и кафулиња.

ВАЖНО

  • Хотелот е на барање. За оваа понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
  • За влез во Република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот на регуларната цена, доколку се придружувани со двајца возрасни а доколку е придружуван од еден возрасен плаќа целосна сума.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат во автобус според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(Дреново), Прилеп, Битола.
  • Black Friday цените се оние кои се означени како ПРОМО ЦЕНА.
  • Black Friday цените важат исклучиво со целосна уплата
  • За споен термин се сметат Black Friday (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За споен термин се сметат две суми од Black Friday цените.
  • Во случај за уплата на сингл соба по Black Friday цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за Black Friday ).
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секој понеделник. Секој вторник прв ден од одмор
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден по лице( Се плаќа во автобус)
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
  • Напуштање на собите во 09:00ч по локално време.
  • Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори и нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Оцениле

Нема осврт.

Биди првиот што ќе сподели “Хотел Marin Princess 5* – Кумбургаз Лето 2022”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Исчисти
број на лица

ВИДЕО

ЛОКАЦИЈА